Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

Сите луѓе понекогаш се чувствуваат депресивни, осамени или едноставно чувствуваат омраза кон сѐ без никаква причина. Тоа е неизбежен дел од животот. Начинот на кој одбираме да се соочиме со тешкотиите го открива нашиот вистински карактер и ја гради нашата личност. Доколку се наоѓате во тежок период од вашиот живот, прочитајте ги следниве неколку цитати кои говорат за тоа колку е убав животот дури и во најстрашното невреме…

Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

„Со позитивен став вие ќе можете да владеете со околностите, наместо околностите да владеат со вас.“ – Џојс Мајер

И на најдобрите им се случува да се најдат во тешка ситуација, но она што тие го разбираат подобро од останатите е внатрешната контрола која ја поседуваат и негуваат. Не можете да контролирате ништо друго освен себеси, па затоа владејте одлучно со вашиот живот.

„Човекот е склон кон набројување на неговите проблеми, но тој не ги набројува неговите радости. Кога би ги набројувал како што треба, тогаш би сфатил дека секој има доволно среќа во животот.“ – Фјодор Достоевски

Доколку имате проблем, се плашите и не знаете што да направите, направете листа на нештата за кои сте благодарни. Набројте најмалку 20 примера на големи луѓе во вашиот живот и 60 до 80 аспекти од вашиот живот кои ги цените. На почетокот можеби ќе ви биде тешко, но бидете упорни и ќе ја завршите листата.

„Најголемиот степен на внатрешен мир доаѓа од развојот на љубовта и сочувството. Што повеќе се грижиме за среќата на другите, толку поголемо ќе биде нашето сопствено чувство на благосостојба.“ – Тенцин Ѓацо

Доколку не сте го доживеале ова, време е за еден експеримент. Кога ќе се чувствувате многу тажни, наместо да се фокусирате на вашите проблеми, помогнете му на некого. Можете да му помогнете на вашиот постар сосед да го исчисти дворот или едноставно да му бидете рамо за плачење на вашиот пријател.

„Карактерот не може да се развие во едноставност и тишина. Само преку постојаните обиди и патење ќе можете да ја направите душата посилна, да ја зголемите вашата амбиција и да постигнете успех.“ – Хелен Келер

Несреќата е арена во која се соочуваме со непознатото, со нашите стравови. Мораме да го живееме животот под негови услови и правила, а тоа ќе ни помогне да созрееме и да постигнеме личен развој.

„Бисерот е убава работа која настанала од оштетениот живот. Тој е солза на школката создадено од нејзините повреди и рани. Вредноста на нашето постоење на овој свет исто така настанува од оштетениот живот. Да не сме биле ранети и повредени, не би го произвеле бисерот.“ – Стефан Хелер

Неочекуваните и негативните аспекти од нашиот живот се оние кои можат да не натераат да станеме подобри и посилни. Се зависи од перспективата: Дали проблемот ќе го гледате како можност или пречка?

Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

„Понекогаш радоста е извор на вашата насмевка, но понекогаш и вашата насмевка може да биде извор на вашата радост.“ – Тик Нат Хан

Преправајте се, сѐ додека тоа не стане вашата реалност. Ако ништо друго, смеењето е заразно и несомнено е дека спонтаните насмевки го подобруваат расположението.

„Добриот хумор е тоник за умот и телото. Тоа е најдобриот лек за анксиозност и депресија. Тој ги привлекува и ги задржува пријателите. Ги олеснува човечките тешкотии. Тој е рамниот пат до спокојот и задоволството!“ – Гринвил Клајсер

Хуморот е една од најголемите сили. За некој да се насмее, мора да имате позитивни намери и свесност за ситуацијата и личноста. Треба да бидете свесни за добрите и лошите елементи во околината. Откако ќе се случи тоа, сите податоци ќе бидат признаени и ослободени низ смеа.

„Дојде денот кога ризикот да се остане во цврстата пупка е поболен од ризикот да се расцути.“ – Анаис Нин

Промената е единствената константа во универзумот. На крајот, сѐ ќе биде принудено на промена. Вашата депресија нема да трае засекогаш, иако тоа сега можеби не ви изгледа така. Кога ќе станете свесни за вашата ситуација, засадете го семето на промена во неа и поттикнете го да расте под ваши услови.

„Најубавите луѓе кои сме ги запознале се луѓето кои почувствувале што е пораз, болка, борба и загуба и сепак го пронашле својот пат. Тие поседуваат благодарност, чувствителност и разбирање за животот, кој ги исполнува со сочувство и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале најубави туку-така!“ – Елизабет Кублер-Рос

Големиот број на емоции кои една личност ги има доживеано е видлив дури и за странците кои секојдневно ве одминуваат. Депресијата може да ве направи слаби, но по некое време ќе морате да станете од кревет и да се вратите назад во светот. Враќањето секој пат е сѐ потешко и потешко, а понекогаш не сте ни сигурни дека го поседувате она што е потребно за да успеете. Сепак, тука сте. Треба да бидете горди што го разбирате тој дел од себе и што се борите против него. Вашата внатрешна личност ќе станува сѐ посилна со секој нареден пат кога ќе се извлечете од калта и ќе зачекорите кон светлата иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар