Астрологијата може да ни открие многу работи за нашето однесување и карактер. Таа дури може и да ни открие како се бакнуваме. Во продолжение прочитајте како ѕвездите влијаат на вашиот стил на бакнување, која техника најмногу ви одговора, но и кој хороскопски знак најдобро се бакнува…rnrn
rn
Овен
rnСпонтаноста е вашето средно име! Вие сте човек од акција кој прво дејствува, а дури потоа размислува. Обожавате да го фаќате вашиот партнер неспремен и страсно да го бакнувате без оглед каде се наоѓате, па дури и да сте на улица додека надвор истура силен дожд.rn
Бик
rnВие сте сензуална личност која сака да ужива во сѐ, па така и бакнувањето не е исклучок. Бакнежот обично го започнувате со нежен допир на усните, па потоа го претворате во долго, влажно и возбудливо искуство. Преку бакнувањето сакате да му пренесете на партнерот колку го сакате и цените.rn
Близнаци
rnВие сте личност која сака да каже многу работи, па затоа понекогаш ви е тешко да се концентрирате на само една работа. Токму затоа кратките и слатки бакнежи надополнети со заводливи зборови се вашиот главен адут. Сакате прво да го возбудите вашиот ум, пред да ги доближите усните до личноста која ве интересира.rn
Рак
rnПо природа сте сентиментални и се бакнувате со целото ваше срце. Истото го очекувате и од партнерот, па не можете да се предадете на бакнежот доколку не почувствувате одредена доза емоција од другата страна.rn
Лав
rnНиту еден друг хороскопски знак не сака толку многу да биде во центарот на вниманието колку што го сакате тоа вие. Токму затоа не е чудно што се бакнувате „филмски“ како да сте добиле главна улога во „Титаник“ или „Валкан танц“. Лавовите се многу импулсивни, односно обожаваат да бакнуваат страсно на јавни места.rn
Девица
rnМозокот им е секогаш во петта брзина, па затоа на припадниците на овој знак понекогаш им е тешко да се опуштат и да се препуштат на секојдневната размена на бакнежи. Но, кога сте во сериозна врска, а помеѓу вас и партнерот постои силна хемија, инсистирате на долги бакнежи во кои е вклучено целото тело.rnrn
rn
Вага
rnВие сте романтична душа која сонува за традиционално додворување, љубовни пораки и вечера со свеќи. Лесно ја покажувате вашата нежна страна, па затоа сте многу великодушни кога станува збор за бакнување. Подеднакво ги сакате и површните, и долгите страсни бакнежи.rn
Скорпија
rnВие сте темпераментна личност која се бакнува страсно. Имате способност да направите вашиот партнер да го изгуби тлото под нозе кога се бакнувате. Вашите бакнежи се толку моќни, што партнерот може да се почувствува како да е под влијание на силен љубовен пијалак додека го бакнувате.rn
Стрелец
rnВашите силни страни се спонтаноста и авантуристичкиот дух. Не сакате да се ограничувате и сакате да експериментирате кога се бакнежите во прашање. Но, ќе ја бакнете само онаа личност која во вас разбудила длабоки емоции, бидејќи во животот секогаш тежнеете кон љубовта.rn
Јарец
rnСекогаш играте на сѐ или ништо кога станува збор за љубовта. Самоуверени сте, фокусирани на моментот и сакате да ја задоволите другата страна. Токму затоа ќе го прилагодите бакнежот на потребите на вашиот партнер, односно на стилот кој нему најмногу му одговара. Исто така, ќе му дадете до знаење на партнерот дека сакате да пробате ама баш сѐ.rn
Водолија
rnВие уживате во заведувањето. Кога сакате некого да импресионирате, ќе се потрудите да направите совршена атмосфера со осветлување и музика. Ќе почнете да го бакнувате партнерот нежно и меко, а потоа ќе го продлабочите бакнежот додека не бидете целосно обземени од истиот.rn
Риби
rnВие сте најголемите романтичари кои обожаваат долги и страсни бакнежи од кои нема да можете да се одржите на нозе. Но, имате и ваша игрива страна. Кога сте расположени за игри, ќе го предизвикате партнерот со нежно грицкање и допирање на усните додека и двајцата не изгубите целосно контрола.