5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

При средбата со луѓе кои имаат исклучителен интегритет, веднаш знаете дека има нешто особено во нив што се чувствува како привлечна сила. Не постои тајна како се станува човек со интегритет. Секој би требало да се обиде да биде шармантна и чесна личност за да живее еден автентичен живот. Личниот интегритет значи да се биде верен на она што навистина сте. Интегритетот е начин да се биде искрен во своите акции и тоа е она што ве прави сигурен романтичен и деловен партнер и одговорен член на општеството.

(1) 5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

Луѓето со интегритет се оние чиишто зборови се совпаѓаат со нивните дела и начинот на којшто дејствуваат и кои често нè инспирираат да бидеме онолку добри колку што се тие и да тежнееме кон успех. Тие покажуваат кои се вистинските работи кон кои треба да целиме и го практикуваат тоа во својот личен и професионален сегмент. Тие, едноставно кажано, се луѓе кои секогаш знаат и умеат да решат проблем и се примери во општеството во коешто живееме. Истовремено се придвижувачи и размрдувачи на позитивни работи. Луѓето со интегритет се карактеризираат со следниве 5 навики, кои секој од нас би требало да ги применува.

1. Ветуваат и исполнуваат

Дали некогаш ви се случило да се разочарате од некоја личност поради тоа што не го исполнила ветувањето коешто го дала? Луѓето со интегритет најмногу нè инспирираат поради тоа што за нив дадениот збор значи и обврска да се исполни ветеното. Тие ќе направат сè да го исполнат дадениот збор и поради тоа се поинакви од голем број луѓе, кој не ја сфаќаат секогаш тежината на она кое го ветиле. Доколку за вас можете да кажете дека секогаш кога ќе ветите нешто и го исполнувате, тогаш сместете се во групата на луѓе со интегритет.

2. Се борат за правда

Насилниците не го сакаат она што го говорат и го прават луѓето со интегритет. Истото важи и за сите останати кои користат јазик на навреди. Луѓето со интегритет знаат да се справат со овие луѓе. Тие имаат вродено чувство за тоа што е исправно, а што е лошо и се обидуваат да ја балансираат вагата на правдата. Кога ќе забележат дека некои луѓе ја злоупотребуваат својата моќ, луѓето со интегритет секогаш ги заштитуваат немоќните, затоа што злоупотребата на моќта е неправда. Луѓето со интегритет се одликуваат со тоа што секогаш застануваат на страната на оние кои се третирани од останатите луѓе како помалку вредни.

3. Се погледнуваат во огледало и се посветуваат на позитивни промени

Еден значаен дел од здравиот начин на личното оценување е дали човекот се придржува до стандардите кои ги поставува за околината. Никој од нас не може да посочи други луѓе со прст дека не се доволно добри во нешто, доколку не почнеме од себеси. Можеби веќе сте слушнале или искусиле дека доколку покажете со прст кон некого, тоа може да ви се врати со три прста вперени кон вас. Да се осудуваат туѓите грешки е една мамка во која лесно можеме да паднеме. Тука лежи разликата која ги одликува луѓето со интегритет. Тие, наместо да осудуваат, им помагаат на луѓето да се извлечат од проблемите во кои западнале и да ги прифатат и да станат свесни за своите недостатоци. Никој од нас не е совршен, а тоа луѓето со интегритет го знаат многу добро. Затоа, тие не само што ги прифаќаат, туку и работат на подобрување и менување на своите лични недостатоци.

(2) 5 работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите

4. Преземаат одговорност за решавање на проблеми, дури и кога грешката не е во нив

Луѓето со интегритет преземаат улога на водачи, кога никој друг не сака да ја преземе одговорноста. Почнувајќи од навидум наједноставни прашања и проблеми, како на пример, можеби, не е нивна вина што некој оставил кеси со отпад во заедничкиот ходник во зградата, но тие препознаваат проблем и преземаат одговорност да го решат тоа прашање. Исто така, овие луѓе многу често се пријавуваат за волонтерска работа или за помош на луѓе на кои им е потребна помош. Неколку збора со кои можат да се опишат овие луѓе се: Способност да ги слушаат останатите, емпатија, влијаат позитивно на околината, имаат високо развиена свест, имаат моќ на убедување, знаат да направат концепт, можат да ги предвидат работите, ги извршуваат задачите кои си ги поставуваат или кои им ги поставуваат, посветени се истовремено и на развојот и на другите луѓе, придонесуваат во изградба на заедницата.

5. Тоа што можат да го сработат денеска, не го оставаат за утре

Луѓето со интегритет не чекаат да видат дали некој друг ќе скокне прв во вода да спаси човек кој се дави, затоа што тие се првите кои го прават тоа и доаѓаат до жртвата колку што е можно побрзо. Ова е еден едноставен и сликовит пример преку кој на наједноставен начин може да се опише нивната решителност и одговорност која ја преземаат врз себе. Овие луѓе се свесни за одговорноста која со себе ја носи секој поединец. Тие не се грижат единствено за своите интереси, затоа што знаат дека преку правилно и искрено дејствување, не само што се заштитуваат себеси, туку и околината. Секогаш кога треба да се заврши одредена работа тие тоа го прават на најодговорен начин, тука и сега, без да го оставаат за утре, задутре… Луѓето со интегритет се свесни дека една мала недовршена работа некогаш може да биде фатална, како за нив, така и за околината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар