Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнат
Луѓето, особено во денешно време, се склони кон анксиозност, која најчесто се појавува во стресни ситуации. Секој човек е различен, поради што нападите на анксиозност можат да се предизвикаат од најразлични нешта, како на пример, ако се најдете во голема толпа, гласни и бучни места, преоптовареност од работа… Некои луѓе реагираат на летање со авион, страв од кучиња или кога треба да одржат јавен говор, проблеми во љубовната врска, недостаток на контрола врз работите или дури и при пливање. Но, без оглед што ја поттикнува анксиозноста во нас, еве неколку трикови со чијашто помош ќе го надминете или ќе се справите со тоа непријатно чувство.
1. Дишете длабоко
Луѓето кои патат од анксиозност всушност забораваат да издишуваат, па поради тоа и се создава прекин во дишењето. Тоа е рефлекс на телото, којшто може да се надмине со тоа што во стресните моменти целосно ќе се сконцентрирате на дишењето и ќе му дозволите на вдишувањето и издишувањето да си го сторат своето.
2. Седнете и направете 10-минутна медитација
Кога ќе почувствувате дека анксиозноста „тропа на вашата врата“ веднаш седнете на некое удобно место и затворете ги очите. Потрудете се да се „исклучите“ од околната бука и лошите мисли кои го заробуваат вашиот ум, и секако не очекувајте во истиот миг тие да ве напуштат. Потоа, дозволете му на дишењето да стане центар на вашето внимание, а не вашите мисли. Полека почнете со регулација на вдишувањето и издишувањето. Вдишувајте подлабоко и издишувајте го целосно воздухот од вашите гради. Доколку можете, направете и мала пауза меѓу земањето и испуштањето воздух. Овој процес нека трае околу 10 минути. Ќе забележите дека биењето на срцето ќе ви се смири и ќе се почувствувате порелаксирано.
3. Останете присебни во моментот
Додека седите удобно и сте дишеле длабоко неколку минути, почнете да ја разгледувате околината и да забележувате колку што е можно повеќе работи. Погледнете кон небото или надолу во земјата. Обидете се да ја забележите светлината. Анксиозноста е главно сконцентрирана на иднината и на минатото, и оваа вежба ќе ви помогне да се посветите на моментот во кој се наоѓате, а станувајќи свесни за сегашноста, ќе се ослободите од грижите и ќе се релаксирате.
4. Креирајте си во главата моменти на доверба
Обидете се да се сетите на два или три моменти од минатото, кои изгледале лошо или во кои сте се чувствувале така, а на крајот испаднале најубавите нешта коишто можеле да ви се случат вам. Означете ги овие како „моменти за доверба“, па така, доколку повторно почувствувате напад на анксиозност, ќе имате нешто на што ќе можете да се потсетите и да си дадете волја дека и тој лош момент ќе заврши и сè ќе биде добро на крајот.
5. Смејте се колку што можете повеќе
Нема да верувате, но еден добар стенд-ап настап на вашиот омилен телевизиски лик или добра комедија, можат лошиот ден да го претворат во нешто најубаво. Затоа, доколку веќе немате омилен комичар, пронајдете си еден таков и искористете го неговиот хумор следниот пат кога ќе ја почувствувате анксиозноста. Убаво е да имате еден таков избор во вашиот компјутер или во телефонот. Кога се случуваат нападите, вообичаено имате потреба да разговарате со некој забавен пријател или член од семејството, за да ви ги одвлечка мислите, но многу често се случува тие во тој момент да се зафатени.