Чувствувате стрес или меланхолија в недела? 6 начини како најдобро да го искористите денот

Чувствувате стрес или меланхолија в недела? 6 начини како најдобро да го искористите денот

Како и секогаш, в петок чувствуваме налет на некаква необјаснива енергија (и секако среќа поради крајот на работната седмица), а пак в недела навечер нè заплискува бран од одредена меланхолија и тромост, затоа што знаеме што нè чека за неколку часа. Со цел успешно да се справиме со таквите емоции, ви откриваме 6 начини како да уживате во секоја минута од неделата, како ден за одмор и релаксација.

2-chuvstvuvate-stres-ili-melanholija-v-nedela-6-nachini-kako-najdobro-da-go-iskoristite-denot-www

1. Планирајте однапред

Бидете паметни и в петок (пред заминување од канцеларијата или од вашето работно место) подгответе си сè за в понеделник. Направете листа на задачи, расчистете си ја работната маса и одговорете на сите имејлови што сте ги одложувале изминатата седмица. На тој начин, порелаксирано ќе го започнете викендот, без да ви се мотаат мисли за недовршените обврски, а и кога ќе седнете на работното место, ќе стартувате со новите задачи, без да губите време на недовршените од минатата седмица.

2. Задолжително вежбајте в недела

Неделите не мора да бидат единствено за излежување, а под вежбање не се подразбира само досадно трчање на трака или бесконечно возење собен велосипед. Можете да излезете во природа, да шетате, да танцувате. Одберете активност од којашто ќе се чувствувате подобро и којашто ќе ве опушти. Преку вежбањето ќе се ослободите од вишокот енергија насобрана во текот на слободните денови и вечерта ќе можете подобро да заспиете. Покрај тоа, на вашите тело и ум ќе им дадете одредена задача, а со тоа ќе ги извадите од „паузата“ во која навлегле за време на викендот.

(3)-chuvstvuvate-stres-ili-melanholija-v-nedela-6-nachini-kako-najdobro-da-go-iskoristite-denot-www.kafepauza.jpg

3. „Заменете“ ги деновите

Од некоја причина, сите забавни активности обично ги планираме за петок или за сабота, а сите останати „досадни“ задачи ги оставаме за недела, поради што се чувствуваме уште полошо кога викендот привршува и само неколку часа нè делат од стартот на новата работна седмица. Наместо да се депримирате, испланирајте нешто забавно за в недела, а домашните обврски распоредете ги во работните денови. Па така, слободните денови резервирајте си ги единствено за она што ве прави среќни. Пеглањето, чистењето на домот и сличните обврски се нешта кои мора да ги извршите, но тоа не значи дека секој викенд треба да го минете со крпа во раката. Таквите обврски потрудете се да ги распоредите во слободните моменти преку работната недела. Можеби и тогаш нема да ви биде едноставно, но помислете на слободниот викенд и сè ќе биде полесно.

4. Наградете си се!

Во недела направете нешто добро за себеси. Без оглед дали тоа ќе биде педикир или масажа (или едноставна маска за лице додека си ја гледате омилената ТВ серија), наградете си се самите со неколку минути внимание на вашето тело. Топлата бања и пријатните миризби ќе ви овозможат да се релаксирате, а вашите мускули ќе заборават на стресот. Многу е важно секој човек да си посветува доволно внимание, затоа што на тој начин си станувате важни, а и ја зголемувате вашата самодоверба. Тоа ќе направи да се почувствувате попријатно во сопствената кожа и ќе ви даде дополнителна енергија за претстојната работна седмица.

(2)-chuvstvuvate-stres-ili-melanholija-v-nedela-6-nachini-kako-najdobro-da-go-iskoristite-denot-www.jpg-www.kafepauza.jpg

5. Бидете опкружени со луѓе (не само преку Интернет!)

Заборавете на социјалните мрежи и разговарајте со пријателите „во живо“. Малку човечка интеракција и тоа како е корисна за душата. Можете да поканите близок пријател или пријателка на утринска прошетка, наместо да се допишувате на Фејсбук и да гледате слики од вашите „виртуелни пријатели“, па да се прашувате зошто сите имаат поинтересен живот од вашиот. Затоа, наместо да седите дома, излезете. Па дури и во тој момент да не најдете слободен пријател за прошетка, излезете сами. Одете во природа, во трговски центри, на пазар… Таму има голема фреквенција на луѓе, а којзнае, можеби и случајно ќе налетате на некој пријател или познаник, кој не сте го виделе долго време.

6. Прескокнете го гледањето ТВ до доцна навечер

Иако неделните вечери некои ги сметаат за идеални да ги изгледаат сите заостанати епизоди од своите омилени серии, сепак тоа може лошо да влијае врз вашето расположение и врз сонот. Многу често на телевизиските екрани и во филмовите има насилство и непријатни снимки коишто можат да нè вознемират токму пред заминување на спиење. Доколку сакате в кревет да отидете смирени и релаксирани, затоа што се надевате и на таков понеделник, можеби е подобро наместо да гледате во екран, да прочитате неколку реда од убава книга, којашто ќе ве однесе во мирни сништа.

(7)-chuvstvuvate-stres-ili-melanholija-v-nedela-6-nachini-kako-najdobro-da-go-iskoristite-denot-www


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар