Во кој период од денот смеете да јадете што сакате без да се здебелите?

Во кој период од денот смеете да јадете што сакате без да се здебелите?

Секоја диета подразбира одбегнување одреден вид храна, како што се калоричните јаглехидрати и храната богата со маснотии. Но, добрата вест е што постои можност да ја прелажете диетата, а да не зажалите поради тоа, односно да не го попречите процесот на слабеење.

Во кој период од денот смеете да јадете што сакате без да се здебелите?

Не морате целосно да се откажете од омилените јадења како што се белите печива, тестенините и сладоледот, доколку сте на диета. Имено, постои одреден период од денот кога смеете да се почестите со омилената храна, а да не се здебелите. Меѓутоа, внимавајте да не го практикувате тоа секој ден.

Најдобро е да консумирате јаглехидрати за појадок, додека, пак, маснотиите нема да ви наштетат ако ги внесете во 10 часот наутро. На тој начин организмот има доволно време да ги потроши внесените калории во текот на денот.

Доколку сакате да ослабите и да ја одржувате идеалната тежина, добро е да ги јадете оброците во одреден период од денот. Би требало да појадувате наутро, 1 час по будењето, да ручате отприлика 4 и половина часа подоцна, а по неколку часа да вечерате. Ако правите преголеми паузи помеѓу оброците ќе бидете гладни, а колку сте погладни, толку поголема е веројатноста дека ќе ја прекинете диетата и ќе изедете нешто нездраво и калорично.

Внимавајте да вечерате секогаш најмалку 3 часа пред спиење, за да не одите во кревет со полн желудник кој допрва треба да ја вари храната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар