6 модни трендови кои ќе го одбележат ова лето

Сподели

Доколку ја следите модата, тогаш сигурно ги следите трендовите на сите полиња, вклучувајќи ги и оние за убавина и нега. Како што откривате нови и интересни трикови, дел од нив сигурно и веднаш ќе посакате да ги примените, а некои пак не, исто како кога е облекувањето во прашање. Па, доколку сакате да знаете што ќе биде во тренд ова лето, погледнете ја следнава листа…

Реклама

rn

1. Подраснат корен

rnКолку што беше популарна фризурата омбре, сега толку е популарен само краткиот подрастен корен. Дали ќе ја оставите вашата природна боја на коса да израсне под бојадисаната или ќе го бојадисате коренот во потемна, останува на вас. Секако, обидете се да ја усогласите бојата на веѓите со него и резултатот ќе биде одличен!

rn

2. Црвена коса

rnЦрвенокосите дами, но и сите оние кои што се запрашуваат како би изгледале со оваа боја, сега ги имаат своите 5 минути. Ова лето во тренд се сите нијанси на црвена боја, па испробајте ја нијансата која најдобро ви одговара, секако претходно консултирајте се со вашиот фризер во врска со тоа.

rn

3. Свеж изглед

rnЗа целосно свеж изглед измешајте течна пудра со крема за лице која хидрира. Исто така, наместо исцртување на контури послужете се со пудра за матирање и нанесете ја на горната линија на челото, под јаболкниците и под брадата, а потоа убаво блендајте. Малку бронзер и хајлајтер на јаболкниците ќе ви дадат дополнителна свежина.

rn

4. Природна нега на лицето

rnХит за ова лето се природните производи и проектите „направи сам“. Во врска со тоа, обрнете посебно внимание на куркумата и коријандерот како зачини кои ги намалуваат воспаленијата на кожата, додека јогуртот и зелениот чај се одлични против брчките, како и акните.

rn

5. Долги и тенки шишки

rnДали да се направат шишки или пак не е честа дилема кај многу дами. Сепак, доколку сакате да ги следите трендовите треба веднаш да се одлучите на овој чекор. Нека шишките бидат под веѓите, кога е должината во прашање и нека не бидат премногу густи.

rn

6. Розови усни

rnУсни како бонбона се дефинитивно она што би требало да го носите ова лето. Слободно избирајте нијанси кои се впечатливи и ќе бидете потполно неодоливи. Дали ќе носите мат розов кармин или розов сјај, на вас останува да одлучите.

Популарно

Може ќе ве интересира