Сите хороскопски знаци имаат различен карактер, но исто така, и различен моден вкус и стил. Со самото тоа, секој од нив избира различни модни парчиња, бидејќи и не сè им прилега добро. Доколку сè уште не сте сигурни какви очила за сонце најдобро ви стојат, тогаш побарајте го одговорот во вашиот хороскопски знак.rnrn
rn
Овен
rnВашиот див дух бара необични облици, но и силни бои како што е на пример црвената. Затоа, одличен избор за вас ќе бидат очилата со рамно исечени стакла и впечатлива рамка.rnrn
rn
Бик
rnЗа вас се идеални моделите кои на некој начин се безвремени. Сепак, доколку сакате и женствени детали, розовите стакла би биле совршен избор за вас.rnrn
rn
Близнаци
rnИако ги сакате класичните модели, исто така, сакате и да ги следите трендовите. Поради таа причина, очилата со округли рамки со сигурност ќе го привлечат вашето внимание, но и ќе ви стојат одлично.rnrn
rn
Рак
rnИако сте доста софистицирани и уредни, дамските очила за сонце кои го вртат вниманието кон нив, а со самото тоа и кон вас, се одличен детаљ кој ќе ги „разбие“ вашите едноставни комбинации.rnrn
rn
Лав
rnСосема е природно вашиот избор на очила да вклучува модел кој сите мора да го забележат. Всушност, оние кои први ќе ги забележите во продавницата поради својата необичност, токму тие се идеалните за вас.rnrn
rn
Девица
rnСето она што има необично совршен облик, додека истовремено и се одликува со женственост е најдобриот избор за вас. Округли рамки и необичен дезен со сигурност ќе го привлечат вашето внимание.rnrn
rn
Вага
rnИако вашиот стил воопшто не е едноставен, ниту пак лежерен, токму таквите очила најмногу ќе ви одговараат и ќе се вклопуваат со вашите внимателно избрани модни комбинации.rnrn
rn
Скорпија
rnИако не се за секојдневно носење, вие сте единствените на кои им прилегаат очила кои зборуваат „изгледам опасно“. Сето тоа што го изразува вашиот став, е тоа што би требало да го барате.rnrn
rn
Стрелец
rnИако сте по природа авантурист, очилата кои најдобро ви стојат се секако едноставни, но и женствени модели, како што се четвртести рамки и златните детали.rnrn
rn
Јарец
rnРетро моделите со „мачкести“ рамки се како создадени за вас. За среќа, тие се многу популарни, па многу лесно ќе ги пронајдете.rnrn
rnrn
Водолија
rnНикој друг покрај вас не може толку добро да носи светки на рамките од очилата. Тие на вистински начин ја опишуваат вашата откачена страна.rnrn
rn
Риби
rnИмате способност да го изберете она што некој ретко би го пробал. Сепак, кога носите необични принтови на рамките сите ќе ве прашуваат од каде сте ги купиле.rnrn
