Зошто го снема во истиот моментот кога вашата врска требаше да стане официјална?

Зошто го снема во истиот моментот кога вашата врска требаше да стане официјална?

Сите девојки имале искуство со момци кои си играле топло-ладно. На почетокот сѐ е совршено. Тој ви пишува секој ден, сака постојано да се гледате и ве носи на различни места. Одеднаш, без никакво предупредување настанува промена, и тој почнува да се повлекува. Станува збор за многу мала промена, речиси незабележлива. Започнува кога едно утро нема да добиете порака од него. Си велите дека сигурно ќе ви пише подоцна, но тоа подоцна никако да дојде, а од него ни трага ни глас. Не сакате да избрзувате со заклучоци, па решавате вие да му пишете бидејќи сепак ова е 21-ви век. Тој ви одговара, но не на истиот начин како порано. Ја нема таа симпатична игра на зборови и заљубени емотикони. Неговата порака е ладна и полна со интерпункциски знаци.

Зошто него го снема токму во моментот кога вашата врска требаше да стане официјална?

Можеби не сакате бурно да реагирате, но ова е само почетокот и постојат големи шанси дека целата ситуација нема да доживее среќен крај. Кога ќе дојде до ова, девојките обично реагираат на два начина: Праќаат премногу пораки за да ја намалат дистанцата или му се лутат на момчето, што уште повеќе го оддалечува од нив. Пред да одлучите како ќе се справите со ситуацијата, обидете се да ја разберете причината за оваа ненадејна промена…

Вие сте само опција

Во љубовната врска, вие сте или опција или приоритет. Доколку сте опција, тоа значи дека постојат други девојки кои се на повисоко место на неговата листа. Тука нема друго решение освен тоа да ја прекинете врската. Полесно е да се каже отколку да се направи, но немате друг избор.

Тој се премислил

Сигурно мислите дека можете да направите нешто за да го промените тоа. Но, да бидеме искрени: Не можете да убедите некого да ве сака. Доколку се прашувате дали му се допаѓате, веројатно треба да се ослободите од него. Момците горе-долу се прилично јасни во своите намери. Ние само решаваме да ги игнорираме знаците што ни ги даваат, затоа што така ни одговара.

Не одлучил дали вие сте вистинската

Наместо да го преземе следниот чекор, тој продолжува да се гледа со вас без да ја официјализира врската и без да се зближи премногу. Тој ќе продолжи да ве завлекува, сѐ додека не биде сигурен во неговите чувства или додека не најде некоја која повеќе ќе му одговара.

Зошто него го снема токму во моментот кога вашата врска требаше да стане официјална?

Многу сте му ја олесниле работата

Ако сте премногу достапни кога тој игра „топло“ и се преправате дека не забележувате кога тој игра „ладно“, сте оставиле впечаток дека вие ќе бидете тука за него без оглед на сѐ. За жал, тоа значи дека тој без проблем ќе продолжи да се однесува на истиот начин, бидејќи знае дека нема да има никакви последици. Вие ќе бидете тука кога тој ќе сака, а ќе може да ве игнорира кога нема да сака да биде со вас.

Не е задоволен од неговиот моментален живот

Едноставно не се вклопувате во неговиот животен план. Тој има амбиции кои треба да ги оствари и планови кои треба да ги реализира, па така сега за сега вие сте само уште една совршена девојка која се појавила во погрешно време.

Откако ќе ги разберете причините за неговото однесување, ќе знаете како треба, а како не треба да реагирате. Ако момчето не е сигурно во неговите чувства, постои само една работа која можете да ја направите: Повлечете се и дајте му простор. Тоа не значи дека треба да го игнорирате или да му го избришете бројот, туку едноставно престанете да се трудите толку многу да ги поправите работите. Девојките обично реагираат бурно кога момците одеднаш ќе станат ладни, што е разбирливо. Речиси сте влегле во врска, а сега одеднаш нема ништо помеѓу вас. Оваа промена е тешка, но мора да прифатите дека не можете да го контролирате начинот на кој луѓето се однесуваат или се чувствуваат.

Па така, дајте му простор да се одлучи. Ако му создавате притисок, ќе почнете да го гушите и тој нема да сака ништо друго освен да побегне. Но, ако му дадете простор а тој сѐ уште не може да одлучи, тоа е одговорот кој треба да го чуете. Не си губете повеќе време и продолжете понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар