Какво значење има љубовта за секој хороскопски знак?

Какво значење има љубовта за секој хороскопски знак?

Според Зодијакот, воздушните знаци се поневнимателни од останатите. Водените се најпосветени во љубовта, додека, пак, лојалноста е карактеристика која ги краси земјените знаци. А доколку барате страсна љубов, со сигурност ќе ја најдете со огнените знаци од хороскопот. Во продолжение прочитајте подетално за тоа какво значење има љубовта за секој хороскопски знак…

Дознајте дали сте упорни или превртливи во љубовта според вашиот хороскопски знак

Овен: Остава кога страста исчезнува

Овните обично се заљубуваат брзо, интензивно и со целото свое срце. Врската со нив е динамична и страсна, а нивните чувства се многу длабоки. Сепак, тие се многу безобѕирни во љубовта. Конфликтите со нив се прилично често, така што маѓепсаниот круг на карање и смирување може да трае долго време. Или додека не исчезне страста. Штом ќе се случи тоа, тие ја прекинуваат врската и бараат некој друг. Овните можат да функционираат само со некој кој ќе им биде постојан предизвик.

Бик: Не сака да си оди

Може да се каже дека Биковите се олицетворение на лојалноста и верноста. Тие нема да се врзат за кој било, но кога ќе му дозволат на некој да им се доближи, тие имаат намера да го задржат засекогаш. Меѓутоа, тоа што им е важно во односот е страста. Доколку љубовниот живот не функционира добро, голема е веројатноста дека ќе го изневерат партнерот. Сепак, тие никогаш нема да го признаат тоа на партнерот, ниту, пак, ќе го напуштат.

Близнаци: Не оставаат, но му даваат причини на партнерот да ги остави

Припадниците на овој знак се генерално лојални и не сакаат да напуштаат, но можат да го доведат партнерот до ситуација да ги остави. Понекогаш го мачат партнерот и флертуваат со други. Единствениот начин да ги задржите во врската е да го окупирате нивното внимание, на пример вие да ги направите љубоморни за промена.

Рак: Најсреќен е ако се врзе за една личност до крајот на животот

Раковите не сакаат сомнителност, неизвесност и несигурност во љубовта. Тие имаат тенденција да бидат во долги врски, а не е ни реткост засекогаш да останат со нивната прва љубов. Сепак, тие знаат да бидат многу комплицирани, љубоморни и несигурни и со самото тоа да го избркаат нивниот партнер. Генерално, тие се верни во бракот.

Лав: Неговите врски обично траат една до две години

Лавовите се многу внимателни кога влегуваат во врска и не се заљубуваат лесно. Но, и кога се сигурни дека го освоиле предметот на нивните желби, тие не се предаваат во целост. Ним брзо им досадуваат работите, така што нивните врски траат од една до две години. Лавовите се многу сериозни моногамисти и можат да се чуваат само за некого во кого имаат целосна доверба и кој може да ги забавува.

Девица: Ја почитува сигурноста на долгите врски

Припадниците на овој практичен и тврдоглав знак најмногу уживаат на почетокот од врската кога го заведуваат и освојуваат нивниот партнер. Тие можат да бидат лојални и верни долго време и обично не изневеруваат, бидејќи не се фокусираат на страста. Тие уживаат во врска која ќе им даде емоционална и материјална сигурност, како и почит.

Вага: Врските се засноваат на пријателство

Еден од најлојалните знаци во Зодијакот е Вагата. Нивните долги врски се засноваат на пријателство. Но, дури и нивните врски имаат добри и лоши фази, кои понекогаш можат да ја загрозат врската. Тие секогаш му се враќаат на партнерот кој ги поддржува на сите полиња.

Дознајте дали сте упорни или превртливи во љубовта според вашиот хороскопски знак

Скорпија: Еден од најлојалните знаци

Спротивно на верувањето дека овој знак се одликува со нескротлива енергија, тој е еден од најверните знаци. Скорпиите се многу харизматични и привлечни, така што нивните партнери ќе се соочат со многу предизвици и љубомора.

Стрелец: Многу е неодлучен

Припадниците на овој знак се неодлучни кога станува збор за емоционалните проблеми и тие никогаш не се сигурни во нивните љубовни избори. Тие одбегнуваат обврски, многу се променливи во љубовта и потребен им е партнер кој ќе им дозволи да ја задржат нивната слобода. Тие често изневеруваат и притоа подготвени се да направат сѐ за да го скријат тоа од нивниот партнер.

Јарец: Очекува голема лојалност

Јарците се многу традиционални и тешко се поврзуваат со некого, но кога ќе се случи тоа, сметаат дека ќе трае засекогаш. Тие очекуваат потполна лојалност и верност од нивниот партнер. Доколку го изневерите Јарецот, тој ќе се чувствува предадено и веднаш ќе ве остави. Совршениот љубовен живот и децата се она што го задржуваат Јарецот во врската.

Водолија: Потребен им е предизвик

Водолиите се многу непостојани по природа, така што не остануваат со луѓе кои не им се доволно забавни или кои не им претставуваат никаков предизвик. Разновидноста е неминовен сегмент од нивниот животен стил и тие обично имаат многу партнери во текот на животот. Сепак, тие можат да се посветат и заљубат. Тие ќе се вратат кај партнерот покрај кого никогаш не им е здодевно.

Риби: Ако успеете да ги освоите, тие се најверниот знак во Зодијакот

Рибите, кога би можеле, би останале со една личност до крајот на животот. Во љубовта тие се упорни, романтични и лојални. Тие ќе си отидат од врската само ако се толку многу фрустрирани што не можат да поднесат повеќе. Машките Риби сакаат да заведуваат и ретко ги вклучуваат емоциите во процесот. Можеби ќе се случи тоа многу подоцна, но и тогаш е знак прашалник. Мажите во овој знак не се заљубуваат лесно, потребно е многу труд и трпение за да се изгради цврста врска со нив. Но, кога конечно ќе дојде до тоа, тие се бескрајно верни и посветени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар