Уметница со шминка го трансформира своето тело во неверојатни оптички илузии
Артистката Даин Јоон користи шминка и водени бои за да ја изврти нашата перцепција за она што е реално и она што е илузија. 22-годишната студентка по уметност слика на своите дланки, лице и врат, создавајќи визуелно прекрасни и понекогаш збунувачки уметнички дела кои го спојуваат нејзиното тело со предметите и позадините.
Повеќето од оптичките илузии на Јоон вклучуваат очи и коса исцртани на нејзините дланки. Како што ги држи рацете преку нејзиното лице, тешко е да се разликува што е цртеж, а што реалност. Јоон неодамна започнала да се бави со сликање на илузии и во овие 2 месеци објавила неколку фотографии и видеа од нејзината работа, добивајќи големо внимание од луѓето низ светот. Погледнете дел од нејзините неверојатни илузии.