6 едноставни модни трикови за подобар стил и изглед

6 едноставни модни трикови за подобар стил и изглед

Постојат модни комбинации со кои едноставно не можете да згрешите, па затоа и се соодветни за секоја прилика. Еден од најдобрите модни совети кој не треба да ги заборавите е секогаш да купувате гардероба која е класична и која лесно се комбинира, бидејќи таа добива сосема друг изглед со само неколку интересни детали. Затоа, отворете го својот гардеробер, извадете ја целата облека и започнете да ја комбинирате на поразлични начини! Со тоа, не заборавајте ги овие 6 стилски трикови кои нема да ве чинат ниту денар, а ќе им дадат на вашите дневни комбинации модерен, свеж изглед.

1-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

1. Вовлечете!

Вовлечете што било во што било, буквално! Блузата во здолништето, кошулата во пантолоните, блузата во пантолоните, кошулата во здолништето… Комбинацијата изгледа сосема поразлично зарем не? Таа ќе изгледа и уште подобро ако ставите интересен каиш.

2-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

2. Засукајте!

Засукајте ги ракавите на кошулата и ставете некоја интересна бразлетна која до сега не сте ја носеле на таков начин. Засукајте ги ногавиците на панталоните и истакнете ги вашите омилени чевли. Самата должина на дневните парчиња облека може да направи да изгледате поразлично, како на себе да имате нешто ново!

3-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

3. Префрлете!

Сакото или кожната јакна лежерно префрлете ја преку рамената. Без разлика што сте облекле, овој детаљ ќе направи да изгледате лежерно, но и понатаму модерно и стилизирано. Под префрленото сако или јакна можете да носите не само кошули и блузи, туку и кратки топови кои комбинирани на овој начин можат да изгледаат уште поефективно.

4-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

4. Заврзете!

Ако не сакате кошулите да ги вовлекувате во здолништата или пантолоните, тогаш едноставно врзете ги нивните краеви во симпатична панделка. Ова секако е полежерна и помалку професионална верзија на носење кошули, но кој вели дека тие се носат само во работни комбинации? Уште ако кошулата е во интересен принт, брзо ќе добиете „откачена“ и секако оригинална комбинација.

5-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

5. Делумно вовлечете!

За девојките кои сакаат асиметрија, кога е облекувањето во прашање, им предложуваме да вовлечат само дел од блузата или кошулата во пантолоните или здолништето. Тоа може да биде од страна или напред, а секако добивате кежуал изглед кој со атрактивни аксесоари може да изгледа совршено стилизирано.

6-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_

6. Не заборавајте на каишот!

Секоја комбинација изгледа поразлично со само еден детаљ – каиш! Бидете оригинални и немојте да го носите само во неговата основна функција, туку искористете го и како појас. Можете да го поставите преку туника, преку кошула или преку пролетниот мантил или сако. Интересен трик кој ќе го примени секоја девојка со стил!

7-6-stilski-trikovi-koi-se-potpolno-besplatni-a-kje-go-unapredat-vashiot-izgled-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар