КАФЕ ПАУЗА

Еве како да знаете дали сè уште можете да ја употребувате старата крема за сончање

Со официјалното започнување на летото и доаѓањето на сè повисоките температури, сигурно поголемиот дел од вас веќе го испланираа својот одмор. Доколку се решивте да одморите на плажа, неизоставен дел од работите коишто треба да ги понесете со себе е кремата за сончање. Но, што ако веќе имате една неискористена? Дали би смееле да ја користите? Проверете го тоа одговарајќи на следниве неколку прашања…rnrnrn

1. Дали ја имате кремата над 3 години?

rnСпоред дерматолозите, секоја крема за сончање е дизајнирана да трае 3 години. Затоа, наредниот пат кога ќе купите крема за сончање запишете го датумот кога била произведена (во случај да ви избледи тој дел од сонцето) за да знаете до кога смеете да ја употребувате.rn

2. Дали текстурата не е повеќе мазна?

rnДоколку во кремата за сончање се наоѓаат грутки, тоа значи дека таа е помалку ефикасна. Ако сакате крема со подолг рок на траење, проверете на етикетата дали содржи диметикон или кварц, адитиви коишто ќе ја задржат нејзината структура мазна.rn

3. Дали е сменет составот на кремата?

rnКога течноста се одделува од вашата крема, тоа значи дека состојките се распаѓаат и дека е време за нова. Исто така внимавајте кога белата крема ќе се претвори во жолта течност.rn

4. Дали сте ја чувале на топло место?

rnТоплината и изложувањето на сонце ќе предизвикаат да се изгубат активните состојки во неа. Затоа, чувајте ја на суво и ладно место кога не ја употребувате.rn

5. Дали по нанесувањето забележувате црвенило на кожата?

rnДоколку сакате да проверете дали сè уште можете да ја користите кремата за сончање, прво нанесете на мал дел од кожата и почекајте да видите како ќе реагирате.