Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути?

Денес, со новите модни трендови, изгледа како футролите за очилата да се толку големи што едвај ги собира во вашата торба. Затоа, погледнете го овој креативен начин сами да направите футрола која ќе биде ем убава ем функционална.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

Ќе ви бидат потребни:
  • Парче лесна ткаенина со должина и ширина од 30 сантиметри и боја по ваш избор
  • Хартија
  • Ножици
  • Креда (или маркер кој остава видлива трага)
  • Игла
  • Конец

Начин на изработка:

1. Првото нешто што треба да го направите е да го исцртате или испечатите дизајнот на сликата подолу на еден лист хартија. Големината, се разбира, зависи од вашите очила. Потоа, исечете го со ножици.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

2. Ставете ја скицата на средината од ткаенината која сте ја избрале.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

3. Обележете ја со креда или со маркер и погрижете се тоа да биде што попрецизно.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

4. Внимателно исечете го дизајнот. Ставете ги очилата за да проверите дали големината е точна и направете корекции со ножиците, доколку е потребно.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

5. Сега ви е потребно парче од материјалот со ширина од 1 сантиметар и околу 35 сантиметри должина. Можете да го користите истиот материјал од погоре или да изберете некој сосема нов – не е важно.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

6. Ставете го едниот крај на материјалот во центарот на дизајнот и зашијте го во две различни точки во форма на Х.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути

7. И тоа е сѐ! Доколку парчето материјал е предолго, едноставно скратете го со тоа што ќе го засечете на краевите.

Како да направите модерна футрола за очила за помалку од 10 минути


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар