10 начини кои ќе ви помогнат за момент да ја поправите вашата фризура

Сподели

Би сакале во секој момент да имате фризура на која сите би ѝ се восхитувале, исто како на вашите омилени ѕвезди? Сега, оваа желба можете лесно да ја исполните со помош на нашите совети кои ќе ви овозможат едноставно и брзо да ја поправите вашата фризура.

Реклама

rn

1. Сув шампон за миење на косата пред спиење

rnНа коренот на косата нанесете сув шампон пред спиење, за наутро кога ќе се разбудите да имате коса полна со волумен и текстура, но и за да ја избегнете масната кожа на главата.rn

2. Зајакнете го опавчето

rnДоколку имате долга коса и ја носите врзана во опавче, следниот пат околу него намотајте 2 или 3 стегачи. Всушност, дополнителните стегачи ќе направат тоа да изгледа погусто и побујно.rn

3. Помош од четката за заби

rnНа чиста четка за заби напрскајте лак за коса и со неа „исчешлајте“ ги сите влакна кои ви стрчат на темето.

rn

4. Супер и за плетенки!

rnДоколку сакате несовршени плетенки во бохо стил, и нив можете да ги прочешлате со чиста четка за заби. Овој трик можете да го примените и на пунџата, со цел да ја направите поопуштена.rn

5. Сјај наспроти маснотија

rnКога нанесувате каков било препарат на косата кој е наменет за нејзин сјај, најпрво нанесете го на дланките, потоа на краевите, а дури потоа благо размачкајте го на коренот.

rn

6. Кул бранови

rnЗа да имате необични бранови во косата, пред спиење исплетете ја во две плетенки. Кога ќе се разбудите, првите неколку прамени кои ви паѓаат на лицето извиткајте ги со фигаро и ќе имате совршена бохо фризура.rn

7. Сокријте ја лошата фризура

rnПонекогаш, кога не сте задоволни со вашата нова фризура, можете лесно да ја сокриете со помош на дополнителни локни. Употребете фигаро и извиткајте неколку прамени – колку повеќе неуредно, толку подобро!rn

8. Фризура за тренинг

rnПред следниот тренинг, на косата нанесете маска, а потоа исплетете ја во плетенка или соберете ја во пунџа. Температурата која вашето тело ја постигнува во текот на физичките активности ќе помогне да се ослободат сите хранливи материи од маската, а после тренингот ќе имате преубава коса.

rn

9. Оригинални плетенки

rnСекоја плетенка ќе изгледа оригинално доколку во неа вплетете неколку потенки сатенски ленти во некоја жива боја.rn

10. Прво користете балсам

rnДоколку имате рамна коса, секогаш прво нанесете балсам, па потоа шампон. Всушност, балсамот најпрво ќе ја отстрани маснотијата и ќе ја направи косата полна со волумен уште пред шампонирањето.

Популарно

Може ќе ве интересира