3 едноставни и евтини начини за да изгледате помладо
Иако на младешкиот изглед најмногу влијаат животниот стил и гените, сепак сите ние знаеме дека исто така правилната нега игра доста важна улога. Од друга страна пак, многумина од нас мислат дека без скапи креми и третмани нема ништо од сјајната и блескава кожа. Сепак, тоа не е во потполно точно, а токму поради тоа со вас споделуваме 3 едноставни и доста евтини начини за вашето лице и тело да не ги одаваат вашите години.
1. Намалете го внесувањето на шеќери во организмот
Претераното внесување шеќер не е добро ниту за тежината ниту пак за здравјето, а исто така, лошото влијание може да се одрази и на кожата. Всушност, тој може да предизвика појава на акни и мозолчиња, како и други процеси на воспаление на лицето. Шеќерот се врзува за протеините и мастите во организмот, а како последица се јавуваат слободни радикали кои го намалуваат колагенот и еластинот во кожата. Веќе ви е јасно, вашето лице ќе биде помалку затегнато, а брчките ќе се зголемуваат. Обидете се да го избегнувате колку што можете повеќе.
2. Пред спиење нанесете витамин А на вашето лице
Витаминот А е природен извор на ретинол за кој многумина сметаат дека е фантастичен кога се во прашање брчките. Баш поради таа причина побарајте крема која ја содржи оваа состојка и секако, таа крема воопшто не мора да биде скапа.
3. Редовно правете пилинг
Пилингот е доста добар за да добиете мека и убава кожа на лицето и телото. Сепак, можеби не сте знаеле дека тој го поттикнува производството на колаген кој ја затегнува кожата. Постојат многу сјајни пилинзи кои се доста евтини, бидејќи можете да ги направите дома со само неколку состојки кои веќе ги имате во вашата кујна. Важно е да знаете дека од два до три пати е сосема доволно за да го правите овој третман, всушност, повеќе пати од тоа не ни смеете.
Имајте на ум дека исхраната, вежбањето, откажувањето од цигарите и алкохолот се исто така важни за младешки изглед, па на вас останува да одлучите кој ќе биде вашиот стил на живот.