Писмо до мојата пријателка која секогаш ја зборува вистината

Писмо до мојата пријателка која секогаш ја зборува вистината

Велат дека оној којшто е пријател секому, не е пријател никому. Затоа, доволно е во животот да имаме барем еден пријател, но за кој ќе знаеме дека е вистински, искрен и дека секогаш е тука за нас, како во најсреќните, така и во најтешките денови. Во писмото што следи во продолжение ќе се пронајде секој среќник кој во својот живот успеал да го пронајде и да го задржи тој пријател за себе.

Пријателке, ти која секогаш ја зборуваш вистината,

Ти го пишувам ова затоа што никогаш не би зборувале на овој начин. Помеѓу нас не постојат фантазии. Ние сме секогаш искрени една кон друга, а понекогаш и по малку вообразени. Малку е чудно ако лице в лице ти се заблагодарам. Не… Тоа е премногу чудно за нас…

Никој не е како тебе, секогаш да се осмелува да ја зборува вистината, притоа не грижејќи се дали тоа ќе ме повреди или не. Да, имаше моменти кога се чувствував повредено и луто, но и покрај сè, сè уште сум благодарна што те имам во животот, затоа што ти откри многу работи коишто ми го блокираа патот, а за коишто другите луѓе не би биле свесни или едноставно не би се осмелиле да ми ја кажат вистината.

Сè уште се сеќавам кога ми кажа дека тој не ми одговара. Плачев беспомошно. Сè уште се сеќавам кога ми кажа дека не го следам своето срце, туку дека само се чувствувам многу несигурно. Се сеќавам кога ми кажа повеќе да не преземам ништо, затоа што всушност не се чувствував среќна… Кога ме потсети дека не се однесувам добро кон себеси и дека не се сакам доволно…

Не се плашиш ни да го критикуваш начинот на моето облекување. Би ми рекла дека кратката коса не ми прилега добро, дека фустанот е поскап отколку што треба да биде и слично. Мачно е постојано да се прифаќаат критики, но тие ми помагаат и прават да се движам напред. Со тебе, знам која сум, не треба да дејствувам, секогаш сум своја. Сепак тука се и твоите мудри коментари. Тие ме туркаат напред, ме тераат да ја напуштам удобната зона и да барам нешто подобро.

Кога бев екстремно возбудена за моите нови планови, ти ми ја покажа бруталната вистина. Кога губам надеж, ти ме потсетуваш колку светот може да биде голем и убав. Ти си ми како баланс во мојот живот. Слушајќи толку многу искрени коментари, станав личност која зборува похрабро. Не само кон тебе, туку и кон себеси и кон другите (се разбира дека би поставила граници за различни видови луѓе).

Имаше моменти кога мислев дека грешиш. Мислев дека си премногу субјективна и дека не можеш да ја согледаш целата ситуација како што ја гледав јас. Навистина понекогаш грешеше, затоа што и ти си човечко суштество. Додека почесто она што го кажуваше беше полно со мудрости. Ние не сме постојано заедно. Имаме сопствен живот. Вистинските пријатели се однесуваат токму вака. Не се гледаат често, но секогаш се чуваат во своите срца. Одвреме-навреме ќе ти се јават или ќе ти пратат порака за нешто што би можело да те интересира. Исто така не мора да бидете премногу учтиви, затоа што знаете дека другиот не би се грижел за тоа.

Уште еднаш сакам да ти се заблагодарам за сите вистини коишто си ми ги кажала, иако честопати не се изразени со убави зборови. Тие не се прекрасни, како тебе, но убави се на посебен начин.

Со љубов,
Твојата пријателка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар