Неколку совети за оваа година да го имате најубавото и најзабавното лето досега

Неколку совети за оваа година да го имате најубавото и најзабавното лето досега

Летото е период кога веројатно немате толку обврски како во текот на целата година и многу лесно можете да почнете премногу да размислувате и да станете анксиозни. Тоа е многу иронично бидејќи летниот одмор би требало да го искористите за да се опуштите и релаксирате. За да одбегнете да се заглавите во вашите мисли, клучот е да останете позитивни, да продолжите да учите нови работи, да го погледнете светот од друга перспектива и да направите план за нешто што со нетрпение ќе го очекувате. Овие 7 совети ќе ви помогнат да се ослободите од летната неизвесност и да го живеете животот до максимум.

Дознајте како да имате најубаво и најзабавно лето со помош на овие 7 едноставни трикови

1. Испланирајте патување

Патувањето е идеално за да го обновите вашиот дух и да внесете свежина во вашата животна перспектива. Зошто да трошите време на читање романи за патувања кога самите можете да го прошетате светот и спонтано да талкате наоколу? Постојат 7 континенти на Земјата, секој со свои уникатни култури и чудесии. Обожавате тестенини? Заминете во Италија. Сакате желки? Отидете на Закинтос. Секако дека ја немаат сите можноста да патуваат низ светот, но тоа не треба да ве спречи да патувате. Постојат еден куп прекрасни места во нашата чудесна земја Македонија кои вредат да се посетат.

2. Започнете ново хоби

Не дозволувајте денешните општествени убедувања да ви го исперат мозокот и да ве наведат да верувате дека единствените вештини кои треба да ги научите се оние кои ќе ве одведат до пари и работни позиции. Ако правите различни активности, ќе ги проширите вашите видици и ќе ја зголемите вашата интелигенција, но и ќе ја подобрите вашата општа благосостојба. Патот до среќата и успехот не е линеарен, и страничните патишта можат да бидат корисни. Има бесконечен број хобија кои можете да ги одберете и треба да ги одберете оние кои најмногу ве привлекуваат.

3. Научете да свирите некој инструмент

Ако научите да свирите некоја песна на гитара и притоа ја отсвирите како да сте Џими Хендрикс на концерт, веднаш ќе ги надминете сите ваши ограничувања. Музиката е толку многу поврзана со емоциите, што свирењето одредена песна може повторно да ве поврзе со вашето внатрешно „јас“ и да ви помогне да ги средите вашите чувства и мисли.

4. Вежбајте јога

Јогата е одличен начин да се ослободите од анксиозноста. Растегнувањето на мускулите низ многубројните јога пози ќе ви помогне да се чувствувате подобро, особено доколку имате тензија во вашето тело. Јогата исто така ќе ве поттикне да медитирате и да се ослободите од постојаната бура на мисли кои ве спречуваат да уживате во моментот. Навистина јогата има неверојатна исцелителна моќ.

Дознајте како да имате најубаво и најзабавно лето со помош на овие 7 едноставни трикови

5. Волонтирајте

Тоа што сте заглавени во вашата глава, прави да се чувствувате изолирани од светот. Волонтирањето е одличен начин да се потсетите дека не сте сами и дека сте поврзани со други човечки суштества. Нема ништо поблагородно од тоа позитивно да влијаете на некој друг човек. Пријавете се во Црвен крст и одберете некоја од многубројните добротворни акции. Вашата помош секогаш ќе биде добредојдена. Одберете мисија за која навистина се грижите и не двоумете се веднаш да се вклучите.

6. Направете си дневен распоред

Доколку имате одредени дневни активности кои ќе ги извршувате секојдневно, никогаш нема да се почувствувате бескорисни и неактивни. Не е важно дали активностите се тешки или лесни. Почнете од нешто најбанално како што е миењето садови секое утро веднаш штом ќе се разбудите. Или, пак, секој ден будете се во 6:45 наутро и истрчајте 2 километра. Што и да одберете, факт е дека ќе стане полесно откако ќе ви прерасне во навика. Можеби некогаш ќе си помислите „Не ми се вежба денес“, но на тоа одговорете со „Но, тоа е дел од мојот дневен распоред, што значи дека морам да вежбам“. Луѓето ѝ се потчинуваат на инерцијата: Колку повеќе се движите, толку полесно ќе ви биде да останете во движење. Но, не бидете премногу строги кон себеси. Ако еден ден се разбудите и навистина не можете да се натерате себеси да направите што било, оставете го тоа за утре. Лето е! Дозволено ви е да бидете мрзливи и да не правите ништо понекогаш.

7. Поврзете се со другите луѓе

Се чувствувате осамени? Ако поминувате премногу време дома гледајќи телевизија или играјќи игри на телефонот, нормално е да се чувствувате така. Поставете си цел да допрете до друг човек. Лесно е да се поврзете со некој. Сѐ што треба да направите е да пратите една обична порака на Фејсбук и да прашате некој дали сака да дојде со вас на ручек или прошетка. Луѓето понекогаш знаат да заглават во сопственото затворено постоење и да одбегнуваат интеракција со други луѓе, и токму затоа вие сте тие кои треба да го направите првиот чекор. Одберете некоја личност која би сакале да ја запознаете подобро и поканете ја на дружба!

Се надеваме дека овие неколку совети ќе ви помогнат да ја проширите вашата перспектива ова лето и што е најважно, да се забавувате како никогаш досега!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар