Раскинувањата се болни затоа што се дефинираат како загуба. Загуба на нови сеќавања, потенцијална среќа и врска со некој кој го чувствувате близок. Раскинувањето е процес на тажење, во кој заздравувањето подразбира романтични филмови и праќање пораки на пијано на вашиот симпатија од средно.rnrnНормално е да бидете вознемирени по раскинувањето и треба да продолжите понатаму, но тоа не значи дека сите бродови мора да ви потонат. Врската пропаднала, но не и целиот свет.rnrn
rnrnНа почетокот ќе искусите еден вид криза на идентитетот по раскинувањето, особено ако сте биле заедно долго време.rnrnТреба да одлучите како ќе се справите со пријателствата кои заеднички сте ги стекнале, со скорешните одмори, заедничките цели, па дури и покани на семејни настани во некои случаи. Понекогаш раскинувањето менува буквално сѐ.rnrnТоа е страшно и емотивно. Меѓутоа кога ќе се прилагодите на ситуацијата и ќе научите како независно да живеете, тоа може да биде најубавото и најневеројатното искуство што ќе го доживеете.rnrnОд сите тие љубовни цитати кои сте ги прочитале на социјалните мрежи, сигурно сте налетале на еден куп кои велат нешто во стилот на „Сѐ се случува со причина“. Понекогаш причината е што едноставно ви требала токму таа личност и тоа раскинување за повторно да се пронајдете себеси.rnrnКога ќе бидете подготвени да се мрднете од каучот и да излезете на сонце, обидете се да ја отфрлите идејата дека раскинувањата се поврзани со загуба. Но, ако добро одиграте и научите дека не треба да бидете во врска за да бидете среќни, тогаш ќе сфатите дека постојат толку многу работи што можете да ги добиете од болното раскинување.
Ако изгубите некого, но се најдете себеси – тоа е ваша победа!
