Најдобриот вид обувки, во кои можете да шетате со часови, конечно ја зазеде водечката позиција на модните скали. Патиките можете да ги комбинирате во толку многу комбинации и да ги носите во скоро секоја прилика, а како додатен плус, во нив ќе изгледате потполно модерно и тренди, па едноставно моравме за вас да ја направиме оваа листа од 8-те најпопуларни модели и со што е најдобро да ги комбинирате. Без разлика за кој модел ќе се одлучите, ви гарантираме дека нема да погрешите!rnrn
rn
1. Бели плитки патики
rnОсвен тоа што сјајно се комбинираат со пантолони и фармерки, белите патики, без разлика дали се кожни или платнени, одлично ќе се вклопат со здолништа и фустани. Миди здолниште прилепено за телото, мантил и патики создаваат лежерна и модерна комбинација, но доколку се одлучите за лелеав и долг фустан во комбинација со кожна јакна, ќе направите подеднакво добар избор.rnrn
rn
2. Длабоки патики
rnДоколку сакате да бидете потполно кул, тогаш за вас се идеални длабоките патики. Нив можете да ги носите со долги фустани, залепени фармерки и долги џемпери, но и со весели фустанчиња. Во секој случај ќе изгледате апсолутно сјајно.rnrn
rn
3. Патики за тренинг
rnНема да погрешите доколку патиките кои ги носите за трчање или во фитнес центарот ги облечете со комбинација која ниту малку не е спортска. Слободно комбинирајте ги здолништата, пантолоните и фустаните со овој модел на патики, доколку сакате да бидете оригинални и несекојдневни, а исто така, и да се чувствувате екстра удобно.rnrn
rn
4. Патики со детали
rnДоколку сакате нешто потполно нежно и слатко, а балетанките ви досадија, патиките со разни детали може да ви послужат како одлична замена! Без разлика дали ќе ги носите со фармерки или фустан, тие ќе ја освежат вашата комбинација, бидејќи се навистина сјајни и впечатливи.rnrn
rn
5. Патики со платформа
rnАко не сте многу високи, а не сакате да носите високи потпетици, тогаш за вас се идеални патиките со платформа. Изберете ултра модерни модели и облечете ги со омилените пантолони или тесни фармерки. На оваа висина ќе се чувствувате доста пријатно и самоуверено!rnrn
rn
6. Патики на навлекување
rnОвој вид патики е многу удобен за носење, но и лесен за комбинирање. Краткото здолниште со А крој или долгото свилено здолниште ќе делуваат доста модерно во склоп со овој модел на патики, а целата комбинација дополнете ја со широк џемпер. Без разлика дали ќе изберете патики со интересен дизајн или во некоја неутрална боја, дефинитивно нема да погрешите!rnrn
rn
7. Патики – чевли
rnПотполно модерен модел кој можете да го носите и на работното место без притоа да изгледате помалку софистицирано отколку во кои било други чевли кои инаку би ги носеле. Удобни и високи, па можете да ги комбинирате со чипка, тексас, памук или кожа.rnrn
rn
8. Заоблен модел
rnОвој модел на патики беше популарен пред 10-тина години, меѓутоа, оваа сезона повторно се враќа на модната сцена, само на многу поразличен начин. Повеќе не е врзан за фармерките или тренерките. Слободно облечете кратко или молив здолниште, блуза и мантил и ќе бидете подготвени со удобни чекори да го освоите денот кој ви престои!rnrn
