„Што ли крие во телефонот? Кој ли му прати порака?“. Познати ви се овие ситуации? Ако одговоривте потврдно, не сте единствени. Според едно истражување од 2012 година спроведено од страна на компанијата Нокс, дури две третини од учесниците скришум ги читале пораките на телефонот и на социјалните мрежи на нивниот партнер.rnrn
rnrnРизикот кој доаѓа со овој потег е тоа што можно е да пронајдете некаков двосмислен „материјал“ кој ќе предизвика љубомора во форма на мисли, чувства или однесување. Психолозите тврдат дека љубомората, без оглед на тоа во која форма се манифестира, има една единствена цел: Да ја заштити и одбрани врската од луѓето кои можеби сакаат да го украдат нашиот партнер.rn
Кои видови пораки предизвикуваат љубомора?
rnЕволуционата психологија смета дека мажите и жените различно ја доживуваат љубомората и дека се мотивирани од различни „закани“ кои би можеле да ѝ наштетат на врската. Мажите се почесто љубоморни на сексуалното неверство, затоа што тоа претставува закана за нивното потомство. Жените се пољубоморни на емоционалното неверство, затоа што тоа ја загрозува долгорочната приврзаност со партнерот која би требало да им даде сигурност.rnrnСо оглед на тоа што многу луѓе признале дека го проверуваат телефонот на нивниот партнер, се поставува прашање дали мажите и жените различно реагираат на различни видови пораки, односно на оние кои имаат емотивна содржина и на оние кои имаат сексуална конотација.rnrnУште една студија од 2015 година се обидела да ја истражи оваа реакција, така што 42 студенти требало да прочитаат пораки кои имале сексуална или емотивна содржина. Преку ова истражување биле измерени следниве параметри:rnrn1. Вкупниот број задржани погледи на секоја порака.rnrn2. Целокупното време поминато во читање на секоја порака.rnrnУчесниците требале да кажат која порака би им била најстресна кога би ја пронашле на телефонот на нивниот партнер или партнерка.rnrnИстражувањето открило дека вкупниот број задржани погледи бил поголем кај жените отколку кај мажите, кога станува збор за емотивните пораки. Тие исто така поминале повеќе време гледајќи во пораките со ваква содржина. За пораките со сексуална содржина важи обратното: Мажите повеќе се задржувале на нив и поминувале повеќе време читајќи ги.rnrn
rn
Што е она што нѐ влече кон телефонот?
rnПодгответе се за лоши вести! Едно истражување од 2013 година спроведено од страна на веб-сајт за осигурување на мобилни телефони покажало дека од 2.400 испитаници во Велика Британија кои откриле дека партнерот им бил неверен, или кои биле неверни, во 41% од случаите неверството било откриено преку мобилниот телефон. Другиот најчест начин, односно 23% од случаите, на кој се открива неверството е преку социјалните мрежи.rnrnИнтересно е тоа што ова истражување било нарачано по зголемениот број побарувачки на услуги поради оштетување на телефонот кога тој паднал и се скршил во текот на караницата. Овие студии откриваат дека многу луѓе, речиси по навика го проверуваат телефонот на нивниот партнер.rnrnНа крајот на краиштата, можеби има нешто добро во целава ситуација: Никој не сака да си го троши времето на лажливци и неверници.