Што треба да направите доколку одлучите да останете со партнер кој ве изневерил?

Што треба да направите доколку одлучите да останете со партнер кој ве изневерил?

Доколку сте одлучиле да останете во врска со некој кој ве изневерил, тоа е ваш избор. Можеби вашите блиски нема да ве поддржат и да се согласат со вашата одлука, но на крајот на краиштата само вие најдобро знаете како треба да реагирате во таква ситуација. Меѓутоа, постојат одредени работи кои мора да ги направите ако решите да останете со партнерот по неговото неверство…

Што треба да направите доколку одлучите да останете со партнер кој ве изневерил?

Простете и продолжете понатаму

Не можете да го промените минатото. Мора да живеете во сегашноста и да се надевате на подобро утре. Со тоа што сте одлучиле да останете со партнерот и покрај неговата непромислена постапка, веќе сте донеле одлука и држете се до неа. Ако не сте среќни со изборот, веднаш прекинете ја врската. Но, ако навистина сте го мислеле она што сте го кажале, мора да останете непоколебливи. Заборавете на минатото и простете му на партнерот со целото ваше срце. Дадете му втора шанса и покажете му дека сте навистина спремни да ги средите работите и да ја одржите врската во живот. Почнете од почеток и никогаш не се навраќајте на минатото.

Прифатете го она што се случило

Кога ќе одлучите да останете во врската, важно е да го прифатите минатото и да се обидете да го надминете. Со тоа што не ја прекинувате врската, вие му покажувате на партнерот дека го сакате толку многу, што подготвени сте да му дадете уште една шанса. Очигледно е дека не можете да си го замислите животот без него. Многу луѓе не можат да го направат ова, бидејќи постои вистина во изреката „Ако еднаш си изневерил, големи се шансите дека пак ќе го направиш тоа“. Без разлика на тоа колку се кае и колку ви е благодарен партнерот, тој сепак може да падне на искушението и повторно да изневери во иднина. Тој дури може да го земе вашето простување здраво за готово и да си помисли дека пак ќе му простите ако ви биде неверен. Во вакви случаи мора да почнете да менувате некои работи кај себе. Ако препознаете дека станува збор за хронично изневерување, мора да останете силни и да покажете дека не смее никој да ја искористува вашата љубов и добрина.

Што треба да направите доколку одлучите да останете со партнер кој ве изневерил?

Одново изградете ја довербата

Потребно е да помине доволно време за да можете повторно да ја изградите вашата доверба. Некој ве повредил и ве искористил на најлошиот можен начин. Кога стаклото еднаш ќе се скрши, засекогаш останува пукнатина. Не постои начин да го поправите минатото. Единственото нешто што можете да го направите е одново да ја изградите довербата, но за тоа е потребно време. Многу често луѓето кои се изневерени, се обвинуваат самите себеси поради тоа. Тие се обидуваат да најдат начин за да го оправдаат неверството до некаде. Запаметете дека не постои оправдување за неверство. Ако решите да останете со партнерот, мора да почнете повторно да му верувате. Не можете да очекувате дека ќе изградите доверба доколку постојано се сомневате или станувате параноични дека пак ќе се случи истото. Верувајте со целото ваше срце и покрај ризикот повторно да бидете повредени. Но, немојте да бидете наивни! Доколку забележите дека партнерот се однесува чудно или сигурни сте пак ве изневерил, нема простор за двоумење. Прекинете ја врската и продолжете понатаму. Вие заслужувате многу подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар