7 ефективни јога пози за прекрасни гради

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Многу жени не се задоволни од обликот или големината на нивните гради, што прави да се чувствуваат несигурни или срамежливи. Поради тоа одбегнуваат да носат одредени парчиња облека, особено кога ќе ги видат сите оние убавици во светли костими за капење со совршени гради како им се смешкаат од насловните страници на списанијата.

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Меѓутоа, треба да се биде позитивен и да се верува дека секој може да го изгради телото од своите соништа. Во продолжение ви ги прикажуваме 7-те најефикасни јога пози кои не само што ќе го подобрат обликот на вашите гради и волуменот на белите дробови, туку и ќе направат да се чувствувате силни и здрави.

Позата воин

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Вирабхадрасана, или позата воин, не само што ќе ве поттикне да ја почувствувате вашата сила, туку и ќе ви помогне да го проширите градниот кош и да го направите еластичен и активен.

1. Застанете со раширени нозе, паралелно поставени.

2. Свртете го вашето лево стапало 90 степени во лево и десното стапало навнатре. Издишете и свиткајте го вашето лево колено.

3. Вашата десна рака треба да остане исправена. Подигнете ги рацете и поставете ги во линија со рамената. Свртете ја главата лево, со тоа што ќе гледа накај рачниот зглоб.

4. Повторете го ова 7-10 пати и потоа направете го истото на десната страна.

Позата триаголник

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Триконасана, или позата триаголник, ќе го ослободи и зацврсти градниот кош, ќе го истегне вашиот ’рбетен столб и ќе ја подобри циркулацијата.

1. Застанете со раширени нозе. Свртете го левото стапало за 90 степени, а десното за 15 степени.

2. Допрете го левиот глужд со вашата лева рака (со текот на времето ќе можете со отворена дланка да го допрете подот) и истегнете ја десната рака нагоре, така што рацете ќе ви бидат поставени во права линија. Внимавајте колената и ’рбетот да ви бидат исто така исправени.

3. Свртете ја главата нагоре и гледајте во прстите. Потоа повторете ја вежбата на другата страна.

Позата кобра

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Бхујангасана, или позата кобра, ќе ви помогне да го зголемите волуменот на вашите бели дробови, да ги истегнете мускулите на градниот кош, да ги зацврстите стомачните мускули и да го подобрите вашето држење.

1. Легнете на стомак и земете длабоко воздух. Полека подигнете го вашето торзо и истовремено држете го долниот дел од телото на подот. Одржувајте баланс на рацете и нозете.

2. Подигнете ја главата и погледнете нагоре.

3. Полека издишете и заземете ја почетната положба. Обидете се да го зголемувате времето кое го поминувате во позата со секое повторување.

Позата машна

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Дханурасана, или позата машна, е топло препорачувана на сите кои имаат болки во грбот. Оваа вежба ќе ви помогне да го истегнете целиот ’рбетен столб и да им дадете убав облик на градите.

1. Легнете на стомак, издишете, свиткајте ги колената и подигнете ги зад вашата глава. Обидете се да се држите за глуждовите со вашите раце.

2. Сега полека издишете повторно и подигнете ги рацете и нозете нагоре, колку што можете. Колковите и градите треба да ви се подигнати од подот и треба да одржувате рамнотежа на вашиот стомак.

3. Обидете се да останете во оваа позиција 30 секунди.

Позата тркало

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Чакрасана, или позата тркало, ќе ви помогне да го истегнете вашиот граден кош, ’рбет и врат, ќе ја намали вашата исцрпност и ќе ви ги излечи главоболките.

1. Легнете на грб и поставете ги нозете малку пошироко од вашите рамена, а потоа притиснете ги до вашиот задник.

2. Ставете ги рацете зад вашата глава, со дланките надолу и прстите нека ви бидат насочени кон вашиот грб. Издишете и подигнете ги градите и колковите колку што можете повисоко.

3. Обидете се целосно да ги исправите рацете. Останете во оваа позиција 30 секунди.

Стој на глава

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Саламба Сирсасана, или стој на глава, е многу корисна поза за лигаментите и мускулите на ’рбетот и градниот кош. Го подобрува дишењето и циркулацијата, но се препорачува само за поискусните.

1. Застанете на вашите колена и ставете ги лактите на подот. Вплеткајте ги рацете за да формирате цврста подлога и ставете го врвот на главата на простирката за вежбање, така што задниот дел од главата ќе ви биде потпрен на подлогата.

2. Свиткајте ги колената, издишете и подигнете ги стапалата од земјата.

3. Исправете ги нозете нагоре и останете така од 30 секунди до 2 минути, во зависност од вашата издржливост.

Позата камила

7 ефективни јога пози за прекрасни гради

Устрасана, или позата камила, е ефективна кога станува збор за болки во грбот. Таа исто така го зголемува волуменот на белите дробови и го зацврстува градниот кош.

1. Застанете на вашите колена и доближете ги стапалата едно до друго.

2. Полека наведнете се наназад и ставете ги рацете на петите. Потоа свиткајте го грбот и истегнете ги ребрата. Главата треба да ви оди надолу кон подот.

3. Останете така 30 секунди и потоа заземете ја почетната положба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар