КАФЕ ПАУЗА

За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

Без разлика дали се чувствувате како мечка која излегува од хибернација или очите ви се широко отворени и подготвени сте да го започнете денот, постојат некои работи кои треба да ги направите пред 10 часот наутро. Станува збор за неколку навики кои ги имаат најздравите луѓе и кои несомнено ќе ви помогнат да го започнете денот на најдобриот можен начин.rnrnРитуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутроrn

Пијте чаша вода веднаш штом се разбудите

rnПиењето вода веднаш штом ќе се разбудите го хидрира телото по спиењето, го поттикнува дигестивниот систем и сите останати органски системи. Ако сакате да добиете поголем ефект, исцедете свеж лимон или јаболков оцет во водата.rn

Не го проверувајте мобилниот по првото отворање на очите

rnЧитањето имејлови, проверувањето на најновите вести и сѐ што се случило на социјалните мрежи ќе го збркаат вашиот мозок уште рано наутро. Почекајте барем еден час пред да се посветите на екраните за да ја зголемите функцијата на вашиот мозок кој ќе стане побистар и пофокусиран.rn

Бидете благодарни

rnАко се фокусирате на она за што сте благодарни, целиот ден ќе ви биде попозитивен. Вдишете и издишете 10 пати и помислете на сите убави нешта во вашиот живот. На тој начин на негативните мисли ќе им биде потешко да го заземат вашиот ум.rn

Движете го телото или уште подобро, вежбајте

rnБез разлика дали станува збор за истегнување, танцување или вежбање, ако го придвижите вашето тело уште рано наутро, ќе бидете енергични во текот на целиот ден.rn

Одредете ги приоритетите за денот

rnСекое утро одредете една работа која ќе ви биде најважна и која ќе треба да ја остварите во текот на денот. Доколку можете, започнете прво со неа, па потоа извршувајте ги останатите обврски.rn

Појадувајте здраво

rnЗдравиот појадок ќе го поттикне вашиот метаболизам и ќе ви ја даде вистинската енергија која ќе доминира со вас во текот на денот.rnrnРитуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутроrn

Четкајте го јазикот

rnДа, добро прочитавте. Четкањето на јазикот ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот утрински здив и е поврзано со процесот кој му треба на телото за да премине од сон до будење. Исто така, на тој начин ќе го отстраните слојот кој се таложи на јазикот и ќе можете подобро да го вкусите здравиот појадок.rn

Слушајте ја омилената музика

rnСлушањето на омилената музика е уште еден одличен начин да го започнете денот успешно. Прилагодете го темпото на музиката врз основа на тоа каков ден сакате да имате.rn

Смешкајте се додека се гледате во огледало на 30-тина секунди

rnОваа вежба го поттикнува позитивниот ментален став и е одлична за зголемување на самодовербата. Гледајте го својот среќен израз на лицето во огледалото и уверете се дека ќе го искористите денот максимално и ќе ги остварите вашите цели.