КАФЕ ПАУЗА

Хороскопот открива: Што ви се допаѓа, а што не можете да поднесете во љубовта?

Хороскопот открива: Што ви се допаѓа, а што не можете да поднесете на љубовните состаноци

Во денешно време закажувањето љубовни состаноци е многу олеснето благодарение на социјалните мрежи. Освен тоа, постојат милион статии посветени на тоа како треба да се однесувате, за што да разговарате и што да облечете. Па, дали навистина ни е потребно уште помош кога станува збор за љубовните состаноци? Ѕвездите велат да! Кога ќе излезете со некого вие се обидувате да го прочитате неговиот карактер и да процените дали тој би ви одговарал. Доколку го знаете хороскопскиот знак на вашиот потенцијален партнер, лесно можете да откриете што му се допаѓа, а што не може да поднесе. Пронајдете го вашиот знак и дознајте го истото и за вас!rnrnХороскопот открива: Што ви се допаѓа, а што не можете да поднесете на љубовните состаноциrn

Овен

rnШто им се допаѓа: Патот до срцето на Овенот е преку неговата глава бидејќи тие навистина ги ценат паметните луѓе, кои не ги надвладуваат со нивната интелигенција. Тие уживаат во друштвото на некој кој сака предизвици, кој е паметен и одличен соговорник.rnrnШто не можат да поднесат: Иако Овните ги обожаваат луѓето кои се во добра форма, можете да бидете и топ модел, но ако кога ќе отворите уста излегуваат само бесмислени глупости, тие брзо ќе изгубат интерес. Тие исто така не сакаат кога некој станува зависен од нив и претерана чувствителност, како и постојани поплаки дека е многу топло или ладно. Овенот никако не поднесува луѓе кои се преполни со себе и не се интересираат за другите луѓе.rn

Бик

rnШто им се допаѓа: Биковите сакаат убаво тело, луѓе кои се облекуваат убаво и кои се смеат на нивните шеги.rnrnШто не можат да поднесат: Бикот брзо ќе изгуби интерес ако личноста непрестајно дрдори, несмасна е и има премногу барања.rn

Близнаци

rnШто им се допаѓа: Ако сакате да го привлечете вниманието на Близнците, заинтересирајте ги со тоа што нема да им дозволите веднаш да ве освојат. Тие сакаат луѓе кои се спремни да преземаат ризици, кои сакаат авантури, гледаат во очи додека зборуваат и им даваат многу слобода.rnrnШто не можат да поднесат: Немојте да ги превртувате очите пред Близнаци, тоа ќе ги навреди. Исто така, никогаш не им кажувајте дека нивното мислење нема никакво значење. Близнаците не можат да поднесат луѓе кои постојано ги прекинуваат додека зборуваат, кои се посесивни, постојано се жалат и имаат лош здив.rn

Рак

rnШто им се допаѓа: Раковите уживаат во добра храна и добар разговор, и ако можете да им ги дадете и двете нешта, тие ќе ви јадат од рака. Сакаат луѓе кои ги гледаат длабоко во очите, кои се трпеливи, средени и имаат нежен допир.rnrnШто не можат да поднесат: Немојте да ги критикувате Раковите. Тие исто така не сакаат да бидат игнорирани, луѓе кои постојано озборуваат, несредени домови и луѓе кои не водат сметка за личната хигиена.rn

Лав

rnШто им се допаѓа: Лавовите бараат некој кој има добра работа, добар автомобил и убаво изгледа. Дозволете им да бидат главни, бидејќи тие многу сакаат да доминираат.rnrnШто не можат да поднесат: Лавовите не сакаат луѓе кои имаат лоши манири, лош став и недостаток од амбиција. Но, најмногу од сѐ мразат лаги. Ако го излажете Лавот, тој засекогаш ќе исчезне од вашиот живот.rnrnХороскопот открива: Што ви се допаѓа, а што не можете да поднесете на љубовните состаноциrn

Девица

rnШто им се допаѓа: Треба да сте добро информирани, да го цените правилното мислење и добриот вкус ако сакате да им се допаднете на Девиците. Тие исто така сакаат луѓе кои обожаваат животни, кои се дарежливи и убаво облечени.rnrnШто не можат да поднесат: Девиците не сакаат штандови со брза храна, така што немојте да ги носите таму на првиот љубовен состанок. Тие исто така не сакаат луѓе кои имаат првут, или покажуваат некои други знаци на лоша хигиена.rn

Вага

rnШто им се допаѓа: Вагите сакаат луѓе кои убаво изгледаат, кои се шармантни и ги следат модните трендови. Тие исто така обожаваат начитани луѓе кои сакаат да одат во кино, да посетуваат концерти, особено оние кои одат поради љубовта кон уметноста, а не само за да бидат видени.rnrnШто не можат да поднесат: Вагите не ги сакаат луѓето кои се љубоморни, арогантни, имаат долгови и сакаат да се расправаат за спорт.rn

Скорпија

rnШто им се допаѓа: Целото тело на Скорпиите е ерогена зона, па според тоа тие навистина ја ценат сензуалноста. Скорпиите сакаат контакт со очи, дискреција, лојалност и богатство.rnrnШто не можат да поднесат: Она што се случува помеѓу вас и Скорпијата, останува помеѓу вас двајца. Ако постојано им пренесувате на сите што правите по секоја средба, можете слободно да се збогувате со нив. Тие ја презираат несигурноста, викањето и подмолните играчи.rn

Стрелец

rnШто им се допаѓа: Стрелците ги обожаваат луѓето со независен дух и добра смисла за хумор, бидејќи овие одлики се и нивните најдобри карактеристики. Голем плус е ако знаете кои сте, сакате да патувате и да спортувате. Ако сакате да го привлечете Стрелецот, секогаш согласувајте се на спонтани средби.rnrnШто не можат да поднесат: Нема да добиете втора шанса кај Стрелецот ако покажете страв, ако прогонувате, постојано се жалите или сте личност која постојано поставува некакви граници. Тие исто така не сакаат некој да им држи лекции за нивниот слободен животен стил.rnrnХороскопот открива: Што ви се допаѓа, а што не можете да поднесете на љубовните состаноциrn

Јарец

rnШто им се допаѓа: Јарците ги привлекуваат луѓе со силна работна етика, беспрекорни манири, богатство и луѓе кои ги следат правилата. Ако сакате да го задржите Јарецот покрај себе, најдете начин секојдневните нешта да ги направите посебни. Поканете ги на вечера и извадете специјален прибор за јадење, послужете вино кое сте го чувале за посебна прилика.rnrnШто не можат да поднесат: Јарците нема да ве земат предвид ако постојано забушавате, заборавите да ја измиете косата, постојано се жалите, не сте вработени или имате извалкани чевли. Исто така, ако Јарецот забележи дека не сте искрени, ќе изгуби интерес.rn

Водолија

rnШто им се допаѓа: Водолиите сакаат луѓе кои се сочувствителни, паметни и по малку ексцентрични. Водолијата ќе ја заведете со помош на умот, бидејќи тие обожаваат луѓе кои размислуваат и кои се интелектуалци.rnrnШто не можат да поднесат: Веднаш ќе ја одбиете Водолијата од себе ако кажете „не“. Тие не прифаќаат „не“ за одговор и многу лично го сфаќаат секое одбивање. Не сакаат глупави луѓе, особено оние кои се горди на својата глупавост. Водолиите не толерираат луѓе со ограничени сфаќања.rn

Риби

rnШто им се допаѓа: Рибите сакаат луѓе кои се смирени и тивки. Особено ги привлекуваат луѓе кои сакаат животни. Добивате бонус поени доколку сте љубител на доброто вино.rnrnШто не можат да поднесат: Рибите не сакаат конфликти, зависници од телефон, несмасно јадење, поплаки и луѓе кои многу сакаат да делат памет. Исто така, никогаш немојте да кажете лошо зборови за семејството на Рибите, дури и да се вистинити.