Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

„Една единствена мисла нѐ дели од среќата, но една единствена мисла нѐ дели и од тагата“ – Сид Бенкс

Да замислиме за момент дека егото не постои, дека не постои потсвеста, емоциите, душата. Што ни преостанува кога го нема тоа? Остануваме само на чувствата и мислите кои ни се движат низ главата. Со некои мисли поттикнуваме телесни сензации кои со своето размислување сме ги научиле и сме ги прифатиле како обрасци на однесување во одредени ситуации.

Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

Тие обрасци се главно создадени за полесно да ги поднесеме несаканите искуства и да имаме моментни и брзи одговори на нив. Ни се чини дека ваквите обрасци функционираат сами, дека ние немаме влијание на тоа однесување, дека тоа е посилно од нас и е предизвикано како реакција на она што ни ги пренесува чувствата во тој момент.

Ние не комуницираме само со своите зборови, гестови, изгледот и облеката туку и со вибрации односно енергија за која обично не сме свесни. Нашето срце е орган кој има повеќе невронски отколку мускулни делови и е постаро од мозокот. Првите информации кои ги примаме од надворешниот свет ги примаме со срцето.

Во повеќето ситуации не сме свесни за информациите кои ги прима срцето, а тие информации се сведуваат на она што е добро за нас, а што не е. Информациите за тоа што не ни одговара ги презема мозокот и така настануваат размислувањето и заплетот.

Моменталните мисли се поттикнувач, со нив ги задржуваме обрасците на однесувањето, но само со мислите можеме моментално да ги запреме тие обрасци. Датотеките на нашето искуство не се мали и оние кои моментално ги избираме стануваат примарни.

Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

Кога ќе се сетиме на некој пријатен настан – состојба, и автоматски се поттикнуваат телесни сензации додека не помислиме на нешто друго. Истото се случува кога ќе се присетиме и на некое лошо искуство. Во реалниот живот се случуваат разни ситуации и само нашето промислување за нив ги привикува обрасците.

Што ќе избереме во сегашниот момент е само наша одлука и нема врска со она што се случува надвор, бидејќи сме во можност сами да избираме. Кога ќе се поттикнат обрасците, телесните сензации спречуваат да ги разбереме енергетските информации кои и понатаму ги примаме. Тоа значи дека не сме свесни за моментот во кој се наоѓаме, туку комуницираме несвесно во афект. Нашето однесување зависи од тоа што и на кој начин размислуваме, дали нешто ќе прифатиме, негираме или е неважно.

Кога ќе ја освестиме можноста за одлучување и прифаќањето, животот станува лична креација и тогаш сме свесни дека во која било ситуација имаме избор. Мислите кои ни доаѓаат ја имаат само онаа тежина која сами им ја даваме, ниту помалку ниту повеќе.

„Постигнувањето ментална стабилност и мир на умот е една мисла подалеку од сите на земјата, само ако тие можат да ја пронајдат таа мисла.“ – Сид Бенкс


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар