Како смеењето ги открива вистинските пријатели?

Како смеењето ги открива вистинските пријатели?

Секој сака добра шега и смеа, но ова искуство може да варира во зависност од тоа дали сте опкружени со своите блиски пријатели. Според најновите истражувања луѓето ширум светот можат само преку звукот да препознаат дали смеењето е искрено, саркастично и дали има или нема некакво посебно значење.

Како смеењето ги открива вистинските пријатели?

Грег Брајан, професор на државниот Универзитет во Калифорнија, во Центарот за бихевиоризам, развој и култура објаснува:

„Смеењето не претставува само комуникација помеѓу луѓето, туку им открива на непознатите или познатите личности потенцијални информации. Група луѓе која се смее во некој бар произведува сигнали за кои тие не се ни свесни, а кои на другите луѓе им пренесуваат информации за односите на тие луѓе во групата.“

Во истражувањето кое го спровел д-р Брајан, а во кое учествувале 966 личности, дури 61% од испитаниците можеле со сигурност да одредат само по звукот на смеењето дали луѓето кои се смееле се во пријателски односи или не. Резултатите од истражувањето можеби ќе фрлат сенка на улогата на смеењето во невербалната комуникација. Новите членови на некоја заедница можат според смеењето да го проценат статусот и поврзаноста на луѓето во групата.

„Поинаква е акустиката кога луѓето се возбудени и се смеат и кога тоа смеење е спонтано во однос на вештачкото смеење. Поради генерализацијата, истражувањето го спроведовме во 24 различни нации за да востановиме дека смеењето има различно универзално значење и да не се случи во едно друштво тоа да значи нешто сосема друго во однос на друго друштво и култура“, вели д-р Брајан.

Колку повозбудено и поспонтано е смеењето толку личноста звучи поискрено и укажува на поблизок однос со пријателите. Сепак, интересно е да се спомене дека е тешко по смеењето да се одреди односот помеѓу две жени. 80% од испитаниците можеле да погодат во каков однос биле жените кои биле пријатели, но затоа скоро никој со сигурност не можел да го одреди односот помеѓу жените кои се само познајнички.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар