Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се од витално значење за нашата општа благосостојба, особено за изгледот на нашата кожа. Но, дали сте знаеле дека некои овошја особено ѝ годат на кожата? Ова се 10-те овошја кои мора да ги набавите доколку сакате здрава, сјајна кожа која ќе направи да зрачите…rn
1. Боровинки
rn
rnrnОвие „мали сини динамити“ имаат голема хранлива вредност, зачудувачка за нивната големина. Тие се фантастичен извор на антиоксиданси и се богати со влакна и витамините А и Ц. Доколку ги вклучите во вашата исхрана, веднаш ќе забележите неверојатни резултати.rn
2. Јаболка
rn
rnrnЈаболката можеби не е модерно овошје, но постои добра причина зошто тоа може да направи чуда за вашата кожа. За да ја подмладите вашата кожа, одберете ја сортата „Црвен деликатес“ бидејќи содржи голем процент колаген кој ѝ дава еластичност на кожата.rn
3. Лубеница
rn
rnrnЛетото е на прагот и конечно можеме повторно да почнеме да јадеме лубеница. Слатка и освежувачка со повеќе од 90% вода, ова вкусно овошје ќе придонесе за хидратација на вашата кожа.rn
4. Банани
rn
rnrnБананите се најдобриот извор на калиум, минерал кој е од витално значење за одржувањето на влажноста на кожата. Многу сува кожа е класичен симптом за недостаток на калиум, така што обидете се да ја вклучите бананата во вашата секојдневна исхрана.rn
5. Ананас
rn
rnrnВо некои култури ананасот се употребувал за медицински потреби со години, бидејќи тоа е единственото овошје за кое се знае дека го содржи ензимот наречен бромелин кој се бори против воспаленија на кожата и отоци.rn
6. Јагоди
rn
rnrnКој може да одолее на чинија зрели јаготки? Слободно изедете колку што сакате, а вашата кожа ќе ви биде благодарна. Овие црвени убавици содржат големо количество на елагична киселина која ја заштитува кожата од штетното влијание на ултравиолетово зрачење и ја намалува појавата на брчки.rn
7. Папаја
rn
rnrnПапајата е овошје особено богато со витамин А и со ензимот папаин кој помага при процесот на распаѓање на неактивните протеини и при исфрлањето на мртвите клетки на кожата.rn
8. Киви
rn
rnrnНеговата чудна надворешност не соодветствува со неговата вкусна, но кисела внатрешност. Ова е овошјето кое содржи најмногу витамин Ц, а познато е дека овој витамин ѝ дава еластичност и сјај на кожата.rn
9. Калинка
rn
rnrnИсто како боровинките, така и калинката има голема хранлива вредност и позната е како супер храна. Таа содржи силни состојки кои го спречуваат стареењето и ја поттикнуваат регенерацијата на клетките на кожата.rn
10. Цреши
rn
rnrnЦрешите покрај тоа што се многу вкусни, содржат повисока концентрација антиоксиданси од кое било друго овошје, благодарение на што тие се борат со слободните радикали и на тој начин го забавуваат процесот на стареење.
