Еве кои придобивки ви ги нуди гумата за џвакање

Еве кои придобивки ви ги нуди гумата за џвакање

Вашата дневна навика што се однесува до гумите за џвакање може да биде од огромна корист. Истражувањата покажале дека постојат голем број придобивки поврзани со гумите за џвакање. Изберете ги оние без шеќер и добијте неколку користи бесплатно.

1. Го намалува нивото на анксиозност

Тестирањата покажале дека џвакањето гума секој ден во период од две недели, може значително да го намали нивото на анксиозност. Всушност, таа се намалува речиси неколку минути по џвакањето.

2. Ви помага да го подобрите расположението

Преку стимулирањето на протокот на крв и плунка, гумата за џвакање може да ви го подобри расположението. Бидејќи таа се поврзува со сетилата за вкус и мирис, може лесно да придонесе да добиете насмевка на вашето лице.

3. Го намалува нивото на кортизол, хормонот поврзан со стресот

Една од најдобрите придобивки коишто ги нуди гумата за џвакање е тоа што го намалува нивото на кортизол, познат како хормон на стресот. Истражувањата покажале дека овој хормон е помалку присутен во плунката, па еве ви причина плус зошто да ја користите гумата за џвакање.

4. Ги зголемува будноста и протокот на крв до мозокот

Гумата за џвакање може да влијае на околу осум делови од мозокот, па затоа, привременото подобрување на вашата будност е ефект од џвакањето.

5. Ја подобрува меморијата и ви помага да останете фокусирани

Истражувањата покажале дека оние коишто џвакаат мастика може да задржат 10% повеќе информации од оние коишто не џвакаат. Па, вашиот ум ќе ви биде благодарен!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар