Боите имаат силно влијание на нашето расположение, но и на сите наши сетила. Тие можат да ни предизвикаат разни позитивни чувства како задоволство, радост, да ни го отворат апетитот и да направат да изгледаме попривлечно. Но, постојат и нијанси кои го имаат спротивниот ефект. Една од нив е бојата која воедно е прогласена и за најгрдата боја во светот.rnrn
rnrnСтанува збор за кафеаво-зелена нијанса, комбинација од зелена и каки боја која добила бројни епитети како боја на нечистотијата, талогот, па дури и смртта, а нејзиниот службен назив гласи Pantone 448C или opaque couché.rnrnИако оваа боја остава многу негативен впечаток, пораката која би требало да ја пренесе е всушност многу важна и моќна. Имено, од сите бои и нијанси на сончевиот спектар, најгрдата боја на светот има цел да влијае на пушачите и да ги поттикне да престанат со пушење.rnrn
rnrnПред 4 години, австралиската влада ангажирала истражувачка агенција која имала задача да го направи најнепривлечниот дизајн на кутиите за цигари и тој би требало да биде единствен за сите фабрики за тутун.rnrnПо 3 месеци истражување, експертите дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да се постигне токму со бојата opaque couché која во комбинација со графичките предупредувања за опасноста по здравјето има неверојатно негативен ефект на корисниците на производите од тутун.rnrn
rnrnПред да биде донесена конечната одлука за бојата која би можела да им помогне на пушачите да ги откажат цигарите, во потесниот круг за најнепривлечни бои се нашле и бојата на лимон, белата, беж, темно сивата, бојата на сенф, но и темно кафеавата која прва испаднала од конкуренција бидејќи премногу потсетувала на омилениот десерт на многумина – чоколадата.
Можете ли да погодите која е најгрдата боја што постои во светот?
