9 трика кои ќе ви помогнат да го шармирате вашиот соговорник

9 трика кои ќе ви помогнат да го шармирате вашиот соговорник

Убаво е кога знаете дека на другите луѓе им е пријатно во ваше друштво иако тоа не е најважното нешто во животот. Дали другите ве сметаат за привлечни нема никаква врска со тоа дали косата ви е добра или дали облеката ви е совршена, туку со тоа како се однесувате со луѓето. Замислете си ја следнава ситуација: До вас стои човек облечен во прекрасна модна комбинација, но изгледа како воопшто да не му е важно дали сте тука или не, и до вас стои човек облечен во фармерки и маичка, но разговара со вас и ви обрнува внимание. Кој би ви бил попривлечен? Веројатноста е дека девојката или момчето во обична облека се оние кои прават да се чувствувате добро и пријатно. Доколку сакате да ги шармирате другите луѓе, овие неколку трикови ќе ви помогнат да ги подобрите вашите комуникациски вештини…

9 трика кои ќе ви помогнат да го шармирате вашиот соговорник

1. Имитирајте

Ова може да се чини како да не е голема работа, но многу истражувања покажуваат дека суптилното имитирање создава привлечност. Па така, ако вашиот соговорник ви се приближува, приближете се и вие. Ако видите дека седи со скрстени нозе, и вие направете го истото. Од некоја чудна причина нè привлекуваат луѓето кои имитираат.

2. Смејте се со очите

Смеењето ја има моќта да ги опушти луѓето. Но, лажните насмевки лесно се распознаваат од искрените насмевки и го немаат истиот позитивен ефект. За да бидете сигурни дека вашата насмевка изгледа вистинска, смејте се и со очите.

3. Обрнете внимание на вашиот говор на тело

Говорот на телото испраќа порака дека сте безопасни, заинтересирани и лесно пристапни. Стапалата треба да ви се насочени кон другото лице, рацете и нозете не треба да ви се прекрстени, а главата треба да е исправена. Ова се потсвесни знаци на привлечност.

4. Бидете вклучени

Ако постојано си го проверувате телефонот или зјапате наоколу додека вашиот соговорник ви зборува, ќе направите тој или таа да се чувствува многу лошо и непријатно. Обидете се да се однесувате како личноста со која разговарате да е најинтересниот човек на светот. Нема сомнеж дека тие по разговорот ќе се чувствуваат одлично и ќе стекнат добро мислење за вас.

9 трика кои ќе ви помогнат да го шармирате вашиот соговорник

5. Изгледајте самоуверено

Многумина повеќе сакаат луѓе кои изгледаат самоуверени, отколку луѓе кои изгледаат срамежливо и резервирано бидејќи самоувереното однесување создава силно чувство на доверба. Благо стиснете ја раката на соговорникот кога се ракувате, насмевнете си и обидете се да делувате самоуверено. Доколку сте срамежливи, преправајте се додека не успеете навистина да стекнете самодоверба.

6. Остварувајте контакт со очи

Контактот со очи покажува дека сте самоуверени и заинтересирани, додека, пак, ако гледате во подот или наоколу, тоа е знак на недостаток на интерес, дури и ако немате таква намера. Ако ви е непријатно да гледате некого во очи, гледајте го во носот или во челото. Тоа создава илузија на контакт со очи и не е толку интимно.

7. Знајте со кого разговарате

Многу е важно да знаете да се прилагодите на ситуацијата според тоа со кого разговарате. Тоа не значи дека треба целосно да се промените во зависност од вашиот соговорник, но обрнете внимание на некои мали социјални преференции кои ќе направат да му биде попријатно на тој човек во ваше друштво. На пример, сигурно имате поразличен пристап кога разговарате со родителите на вашите пријатели од оној кога разговарате со вашата сакана личност или колегите на работа. Пробајте да ја погледнете конверзацијата од нивна перспектива.

9 трика кои ќе ви помогнат да го шармирате вашиот соговорник

8. Користете имиња

Луѓето обожаваат кога ќе го чујат нивното име. Особено потрудете се да го запаметите името на соговорникот веднаш штом се запознаете и употребувајте го кога сакате да потенцирате нешто. Нема сомнеж дека на овој начин ќе ги шармирате!

9. Заборавете на телефонот

Луѓето кои постојано го проверуваат телефонот додека разговараат се неверојатно одбивни. Оставете го телефонот во чантата или во џебот и на тој начин ќе покажете дека сте присутни и заинтересирани.

Не постои точна формула за добра конверзација и најдобриот совет е да разговарате онака како што би сакале и другите да разговараат со вас. Бидете заинтересирани, но не прекинувајте, говорот на телото нека ви биде пријателски и делувајте отворени. Најважно од сè: Опуштете се!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар