КАФЕ ПАУЗА

Филм: Фини момци (The Nice Guys)

Written by

in

,
Кога полицијата не може да помогне, настанува партнерство кое ги руши сите бариери

rn(2) Филм: Фини момци (The Nice Guys)Режија: Шејн БлекrnrnУлоги: Расел Кроу, Рајан Гослинг, Ангори РајсrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnПремиера: 26 мај 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, комедија, криминалrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо својата импресивна и разновидна кариера, Расел Кроу не оставил голема трага како комичар, а Рајан Гослинг ни има покажано само мал дел од неговата повесела страна. Но, сепак, во филмот „Фини момци“, и двајцата се многу забавни и интересни – со неколку зборови, совршени за своите улоги. Станува збор за приказна од 70-тите, која се врти околу борбата против криминалот на опасните улици во Лос Анџелес. Тие не се вистински детективи, далеку од тоа, но сепак се единствените кога законите не можат да им помогнат на луѓето за кои се создадени да постојат.rnrn(3) Филм: Фини момци (The Nice Guys)rnrnЏек Хили (Расел Кроу), силната страна на ова партнерство, е доволно храбар да се бори самиот за себе, а со своите кожни јакни остава впечаток на маж со кој не би сакале да си играте. Од друга страна пак, неспособноста на Холанд Марч (Рајан Гослинг) да одбие пијалак ги затапува неговите рефлекси, па затоа и често е на спротивната страна од тупаниците. Тој со својот изглед, кој вклучува спортско сако и серија несоодветно комбинирани кошули делува многу понесмасно од неговиот партнер, но со оглед на тоа што преживува толку многу спектакуларни падови, на момент е убеден дека е непобедлив.rnrn(4) Филм: Фини момци (The Nice Guys)rnrnТој се враќа назад во реалноста од страна на неговата ќерка, Холи (Ангори Рајс), која изгледа многу помудра од него, па затоа и постојано го гледа со чудење. Таа внесува интересна невиност и неодоливост во целата приказна, правејќи ја уште позабавна одошто би помислиле дека е можно. Додадете ги тука и одличните костими, со силните палети карактеристични за 70-тите, во комбинација со забавниот саундтрак и знаете дека имате филм кој едноставно мора да го гледате.