Имате тесни фармерки кои толку ви досадиле што повеќе не сакате да ги носите? Ги следите модните трендови и знаете дека искинатите фармерки сè уште се популарни? Доколку одговорот на ова прашањето е потврден, тогаш задолжително погледнете го овој едноставен и брз начин на кој можете да ги освежите вашите тесни фармерки и да ги направите да изгледаат ултра модерно!rnrn
rn
Чекор 1:
rnДопрете ги фармерките на себе и свиткајте ги на местото кај коленото.rnrn
rn
Чекор 2:
rnПроверете уште еднаш дали сте ги превиткале на вистинското место. Всушност, ногавицата би требало да допре до струкот кога е превиткана.rnrn
rn
Чекор 3:
rnКога ќе го пронајдете вистинското место за свиткување, поминете со раката неколку пати за да се познава блага линија по која подоцна ќе сечете.rnrn
rn
Чекор 4:
rnСтавете подебел картон под линијата која ја направивте, бидејќи тој ќе ви послужи да не ја исечете и задната страна на фармерките.rnrn
rn
Чекор 5:
rnСо помош на скалпел внимателно повлечете линија, но само на средината, за коленото подоцна при носењето самото да направи природен процеп.rnrn
rn
Чекор 6:
rnСтавете ја раката на едната и другата страна од исеченото и полека повлечете го материјалот за да проверете дали процепот навистина се отвора, односно дали сте исекле добро.rnrn
rn
Чекор 7:
rnСето ова што го направивте повторете го и на другата ногавица.rnrn
rnrnОва е крајниот резултат, но доколку исечоците се премногу дискретни за вашиот вкус направете уште неколку на двете ногавици. Како што може да видите ова е брз и едноставен начин од старите фармерки да направите ефективно, модерно дневно парче облека!