Урнебесни изјави од татковци кои ќе ве насмеат до солзи

Урнебесни изјави од татковци кои ќе ве насмеат до солзи

Воспитувањето на децата е сериозна работа исполнета со прекрасни моменти, но и со ситуации кои ќе направат да прснете од смеење. Одговорноста да се грижите за мало човечко суштество е огромна и со себе носи големи притисоци и предизвици. Поради тоа, нема ништо лошо одвреме-навреме да се разведрат слатките маки со малку хумор. Обично татковците се тие кои ги предизвикуваат повеќето хумористични случувања, па во тој контекст погледнете што изјавиле некои духовити татковци во врска со нивното родителско искуство…

„Најдобрата работа кај давањето име на детето е тоа што ќе сфатите колку луѓе всушност мразите.“

Урнебесни изјави од татковците кои ќе ве насмеат до солзи

Таткото: Мама рече да одиш во кревет.

Детето: Има страшно чудовиште во шкафот!

Таткото: Пострашно од мама?

Детето со брзина на светлината се затрчува накај креветот.

„Не ме прашувајте дали сум го гледал најновиот филм. Имам четири ќерки. Ако во филмот нема принцези кои пеат, одговорот е не.“

Урнебесни изјави од татковците кои ќе ве насмеат до солзи

„Ги гледав децата додека си играа криенка во паркот, и син ми се ‘скри’ зад проѕирна ограда од жица. Среќен сум што знам дека нема да морам да тргам пари на страна за факултет.“

Ќерката: Тато, може да ти откријам една тајна?

Таткото: Секако мила.

Ќерката: (го фаќа со рацете за лице) Само што какав и не си ги измив рацете.

„Мојот 2-годишен син научи како да го користи далечинскиот управувач за телевизорот, ама не може да ја погоди устата кога јаде шпагети.“

Урнебесни изјави од татковците кои ќе ве насмеат до солзи

Во 5:45 часот наутро.

4-годишна ќерка: (со тивок глас) Тато, не мораш да стануваш. Сама ќе си направам појадок. Кажи ми само како се вклучува шпоретот.

Таткото: (скока на нозе) Буден сум!

„Постојано гуглам: Како да ги дадам децата на посвојување? Се надевам дека децата ќе го видат тоа во историјата на пребарувања и ќе сфатат дека не се шегувам.“

Урнебесни изјави од татковците кои ќе ве насмеат до солзи

Таткото: Добра ноќ, деца.

Децата: Добра ноќ, тато.

Таткото: Добра ноќ, чудовиште кое јаде лоши деца.

Мајката: (од друга соба) Добра ноќ!

„Син ми конечно порасна доволно за да може сам да го запали светлото. Не доаѓајте кај мене дома, освен ако не сакате дискотеки или да добиете напад.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар