Не станува збор за боксерските плетенки кои се вистински тренд во моментов, туку за две мали пунџички на врвот на главата кои се идеални за топлите летни денови. Оваа фризура ги освои познатите дами, а нема сомнеж дека ќе стане и вашата омилена за време на летниот период.rnrnОвие пунџички на главата се прават многу едноставно, исто како и нормалните пунџи, само што ќе треба да ја разделите косата и да замотате два прамена на двете страни. Оваа фризура можеби нема да можете да ја носите за на работа, но сигурно ќе ја носите за време на попладневната прошетка, викендот или во други лежерни прилики.rnrn
rnrnЅвездата од реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, Клои Кардашијан, покажува како можете да ги носите пунџичките, така што ќе ги замотате само горните прамени, а можете да ја носите и на тој начин што ќе ги замотате целосно и левата и десната страна од поделената коса. Со оглед на тоа што ѕвезди како Аријана Гранде и Зендаја ја обожаваат оваа фризура, нема сомнеж дека овој тренд ќе биде многу застапен кај младата женска популација.rnrnНавистина е многу едноставно да ја направите оваа фризура, па нема зошто да не пробате сами дома и доколку ви се допадне овој многу симпатичен тренд, да го покажете кога ќе излегувате со пријателките или со вашиот партнер.rnrnЕве неколку упатства како се прави оваа фризура…rnrnПрво врзете ја косата во две опавчиња како Пипи Долгиот Чорапrnrn
rnrnПотоа добро истапирајте ги опавчињатаrnrn
rnrnНа крај едноставно замотајте ја косата во две пунџи кои ќе ги прицврстите со метални шнолиrnrn
rnrnПогледнете го следново видео за подетални упатства:rnrn
Летна фризура која ги освои познатите личности
