Поминаа 5 години откако принцот Вилијам и војвотката Кејт од Кембриџ го кажаа судбоносното „да“. Меѓутоа, тие се далеку од типичен кралски брачен пар. За време на целата нивна врска тие постојано ја прекршуваат традицијата, но и покрај тоа нивните избори секогаш се прифатени со многу љубов. Ова се само неколку примери на нивното бунтовничко однесување…
rn
1. Не живеат во Лондон
rnДа, тие имаат апартман во палатата Кенсингтон, но нивното постојано живеалиште се наоѓа на друго место. Тие всушност живеат на место кое се вика Анмер Хол во Сандрингам, Норфолк, кое се наоѓа северно од Лондон. Таму поминуваат 90% од своето време, затоа што им е блиску до работното место. Тоа што живеат надвор од градот им овозможува да пазарат во супермаркет како и сите останати луѓе.
rn
2. Не извршуваат многу од своите кралски обврски
rnБи можело да се каже дека патувањето околу светот и појавувањето во јавност не е вистинска работа. Но, овие задачи кои се нивна одговорност не ги исполнуваат баш толку многу. Нормално би било некој на местото на Вилијам да го прави истото што Чарлс и Камила, кралицата и принц Филип и принцезата Ен го прават, а тоа подразбира присуство на повеќе од 500 настани годишно. Тие пресекуваат илјадници црвени ленти, садат дрвја, посетуваат болници и слично. Кралицата врши многу повеќе вакви работи од Вилијам, Кејт и Хари заедно. Пред да ги наречете мрзливи, имајте предвид дека ова е нивен избор со цел да имаат што понормален живот. Вилијам сепак работи смени од 10 часа како пилот.
rn
3. Се појавуваат во веќе видена облека
rnОние што постојано го следат кралското семејство сигурно добро ги препознаваат омилените дизајнери и модни додатоци на Кејт бидејќи ги носи цело време. Тие ја носат истата облека повеќе пат што е необично затоа што имаат неограничени финансиски средства. Ова правило важи дури и за нивните деца.
rn
4. Ги воспитуваат нивните деца
rnКога станува збор за малите Џорџ и Шарлот, тие не се воспитувани од страна на дадилки и помошници зад ѕидовите на палатата. Тие имаат дадилка, но Кејт сепак си ги извршува сите должности што ги има една мајка. Во овој случај, брачната двојка ги следи стапките на Дијана.
rn
5. Џорџ оди на училиште
rnСо тоа што ги праќаат децата на училиште, Кејт и Вилијам праќаат огромна порака дека ќе го следат примерот на Дијана. Дијана ги носела Вилијам и Хари во МекДоналдс, во забавни паркови, на кино. Ги носела во клиники, детски болници, засолништа за бездомници, а истото планираат да го прават и Вилијам и Кејт.
rn
6. Имаат завршено факултет
rnКога сме веќе кај образованието, кога и ако Кејт биде крунисана еден ден, таа ќе биде првата кралица на Англија со диплома! Тие се имаат сретнато на факултет поради што имале навистина не-кралско запознавање и додворување. Прво биле пријатели и живееле во меурче кое ги штитело од медиумите. Си нарачувале кинеска храна, возеле велосипед и оделе во барови како и сите други.
rn
7. Редовно објавуваат фотографии од нивното семејство
rnПостарите членови од кралското семејство немале можност да твитаат и да објавуваат работи онлајн, но оваа кралска двојка редовно објавува слики на Твитер и Инстаграм, особено за посебни прилики. Вилијам е многу срамежлив кога станува збор за медиумите, што е разбирливо бидејќи тој до одредена мера ги обвинува токму медиумите за смртта на неговата мајка. Кејт Мидлтон е поопуштена по ова прашање. Таа знае како да се справи со медиумите, а тоа го прави така што објавува слики под нејзини услови.
rn
8. Кејт не е аристократка
rnКлучниот момент во оваа кралска романса е тоа што Кејт не е избрана поради нејзиното благородно потекло. Камила не ја одобрувала врската со Кејт и ја нарекувала рудар. Кејт би била првата кралица која потекнува од работничка класа.
rn
9. Први се среќаваат со странски лидери
rnФотографиите од претседателот Обама како си игра со Џорџ се повеќе од слатки. Но, никој не се запраша зошто Чарлс и Камила не биле вклучени во дружбата. Направен е голем прекршок на протоколот со тоа што дружељубивиот претседател не се видел со идниот крал. Не може да се прескокнат Чарлс и Камила. Едноставно не е во ред. Но, кралицата е таа која ги организира сите работи, па со ова можеби сака да испрати некаква порака.
rn
10. Си покажуваат љубов еден на друг
rnОдвреме-навреме, Вилијам и Кејт се држат за рака или весело ја прославуваат победата на спортски натпревар со топла прегратка. Принцот Филип и кралицата Елизабета никогаш не можат да бидат видено како се прегрнуваат или допираат во јавност. Но, Вилијам и Кејт не се воопшто нападни. Сепак го задржуваат нивното достоинство.
rn
11. Вистински се сакаат
rnТие се гушкаат во јавност затоа што нивните чувства еден за други се навистина искрени. Тоа е поретко отколку што мислите. Неверството е честа појава во кралската фамилија со векови. И колку и да е депресивен тој податок, Вилијам и Кејт ја промениле плимата: Заедница од вистинска романтична љубов, наспроти брак од политички интереси. Вистински пример за целиот свет!

