Прекрасно село како од бајките кое наместо патишта има водни канали
Сместено во рурална Холандија, селото Гиетхорн е сликовито селце со неверојатни природни пејзажи. Неговото второ име е „Холандската Венеција“ бидејќи нема патишта ниту какви било форми на модерен транспорт. За да се движите наоколу, тоа треба да го направите на старомодниот начин – преку водни канали или пешки преку еден од 176-те мостови.
Мирното местенце, основано околу 1230-тата година, има низа мали водни патчиња кои ги водат кајчињата покрај историската архитектурата и богатата разнобојна вегетација. Слично на обичните патишта наменети за автомобилски возила, каналите имаат свои „улици“ и имиња кои ве водат низ слатките куќички, музеи и пазари. Електричните кајчиња се популарни алтернативи на моторните кајчиња и прават малку врева, па затоа ова село се смета за едно од потивките места во Холандија. Според сведоштвата на туристите, најгласниот звук кој обично се слуша е квакањето на патките или звуците кои ги прават другите птици.
За оние кои бараат мир и спокојство, ова селце е вистинската дестинација.