Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Сподели

Зошто да се измачувате со разни тешки диети  кои ќе ве истоштат, кога можете да бидете здрави и витки со едноставна реорганизација на вашите оброци и внесување многу витамини преку овошје, кои ќе ви дадат елан и свежина?! Испробајте ги овие четири детоксикациски диети, препорачани од професионални нутриционисти, кои истовремено ќе ви помогнат брзо да ги изгубите килограмите, но и да го прочистите вашето тело од отровните материи.

Реклама

rn

Дводневна диета со јаболка

rnДоколку сакате да симнете неколку килограми и истовремено да ги отстраните отровите од вашето тело и да се чувствувате поздраво, сè што треба да направите е да јадете само јаболка. Звучи страшно, но диетата трае само два дена и плус секогаш кога ќе почувствувате глад можете да каснете јаболко, бидејќи нема ограничување на количината. Покрај тоа што јаболката располагаат со многу витамини, тие создаваат и чувство на ситост. За да не ви досади од едноличната исхрана уште после првите три јаболка, купете од различни сорти за да ви биде диетата поразнообразна.

rn

Петдневна диета со лубеници

rnДоколку сте љубители на лубеница, тогаш токму таа е одговорот на сите ваши молитви за добро обликувано тело. Во оваа диета треба да почитувате едно едноставно правило: консумирајте најмалку половина килограм лубеница дневно. Исто така, пожелно е во текот на диетава да јадете по пет помали оброци дневно. Додека ја држите оваа диета е многу препорачливо да избегнувате пиење пијалаци во кои има шеќер и осигурете се дека немате висок крвен притисок. Оние кои имаат проблеми со бубрезите или со црниот дроб, исто така треба да го избегнуваат овој алтернативен план со оброците. За да не ви се смачи од јадење лубеница, во текот на овие денови можете понекогаш да си направите свежо исцеден сок од овошје или да си направите овошна салата.

rn

Седумдневна диета со ананас

rnДетоксирајте го вашиот организам со еден здрав и едноставен режим на исхрана. Со оваа диета нема потреба да се лишувате од храна за да ги намалите вишокот килограми. Напротив, сè што треба да сторите е да јадете по три нормални оброци и да консумирате само две парченца ананас дневно. Нутриционистите кои ја креирале оваа диета исто така препорачуваат дводневна сесија на комплетно чистење на организмот од отрови, за кое време ќе јадете само ананас. Доколку се решите на овој чекор, детоксикацијата на организмот направете ја во два последователни дена од седмицата додека ја држите диетава. И покрај тоа што ова не е режим на исхрана кој треба да се следи на долг рок, сепак оваа диета може да биде многу корисна за оние кои сакаат брзо да ги намалат килограмите.

rn

Седумдневна диета со црвени боровинки

rnЦрвените боровинки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси. Поради тоа, тие се одлични за „исчезнување“ на вашите килограми и за ослободување на вашиот организам од штетните токсини. Исцедете сок од половина килограм боровинки. Потоа, помешајте две супени лажици од сокот во 200 грама свежа изворска вода и пијте ја таквата течност секое утро на гладно. Резултатите ќе бидат неверојатни. Исто така е препорачливо да консумирате „полесни“ оброци во текот на овие седум дена, за да не биде вашиот дигестивен систем под голем притисок во текот на детоксикациската диета.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира