Бисерите секогаш биле синоним за софистицираност, елеганција и одмереност. Бидејќи тие сега се вистински хит помеѓу дамите кои ја следат модата, ние ви споделуваме неколку феноменални идеи како можете да го вклопите овој прекрасен накит во вашиот дневен стил.rnrn
rnrnПред сè, погледнете што ни доаѓа од модната писта!rnrnБисерите се детали кои на облеката, но и на обувките им даваат посебна нота. Кога се обувките во прашање, интересно е тоа што со малку волја можете со вашите чевли да се вклучите во „направи сама“ проект со бисери. Освен тоа, на дневно, но и на вечерно ниво можете да ги носите на разни начини.rnrn
rnrnБисерниот ѓердан е многу елегантен, но неколку подолги создаваат потполно шик комбинација. Одлично се вклопуваат со фустани или пантолони, односно со рамни обувки и со висока потпетица.rnrn
rnrnБисерните обетки не мора секогаш да бидат премногу дискретни. Одлучете се за покрупни бисери и слободно носете ги во лежерни варијанти.rnrn
rnrnЧантите со бисери изгледаат многу интересно. Доколку не можете да си допуштите некоја скапа чанта, тогаш зошто да не би си поиграле со бисерите кои можете да ги купите во некоја позаментерија и некоја стара плик чанта?rnrn
rnrnВсушност, со бисерите можете да украсите и некои други дневни парчиња, само доколку ѝ се препуштите на фантазијата. Задолжително искомбинирајте еден ваков аксесоар.
Како да ги носите бисерите кои се тотален хит во светот?
