5 начини како да направите викендот да ви изгледа подолг

5 начини како да направите викендот да ви изгледа подолг

Речиси секој викенд поминува премногу брзо, па во понеделникот наутро сите посакуваме тој да траел барем уште малку. Тоа, за жал, не можеме да го смениме, но можеме да направиме викендот да изгледа подолг. Погледнете ги овие трикови коишто ќе придонесат подобро да го искористите вашето слободно време за викендите.

1. Не заборавајте го петокот. За сите работната недела изгледа долга и исцрпувачка. Затоа, кога ќе дојде петок, не заборавајте и за таа вечер да испланирате нешто забавно. Доколку сте премногу уморни, испланирајте вечер за гледање филм со вашето семејство или пак пронајдете друг начин којшто ќе ви ја измеша рутината и ќе ве релаксира.

2. Не одложувајте го алармот. Не го преспивајте викендот. Наместо тоа, станете во вообичаеното време и не само што ќе му помогнете на телото да го регулира ритамот, туку исто така ќе имате и повеќе слободни часови во текот на денот. Секако дека спиењето е важно, но доколку спиете до доцна, вашиот викенд ќе изгледа премногу краток.

3. Испланирајте нешто интересно. Одредете си нешто кон коешто ќе се стремите – без разлика дали тоа е ручек со вашиот пријател или пак прошетка во природа. Сепак, внимавајте да не закажувате премногу средби, зашто тоа ќе има сосема спротивен ефект.

4. Започнете одредена рутина. Одредете некоја активност којашто ќе ви го означува почетокот на викендот. На пример, тоа може да биде и обично пиење кафе на тераса или во двор. На овој начин ќе го потсетите вашиот мозок дека треба зад себе да ја остави бурната работна недела и да го започне заслужениот одмор.

5. Не мислете на тоа дека доаѓа крајот на викендот. Ако постојано мислите на тоа колку ќе биде стресна ситуацијата во понеделник или пак колку понеделникот е блиску, тогаш тој ден ќе ви изгледа поблиску отколку што навистина е! Искористете го викендот така што ќе бидете присутни и ќе живеете во тој момент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар