Секоја девојка е посебна на свој начин и нормално дека по некои карактеристики се издвојува од останатите. Меѓутоа постојат работи кои речиси секоја девојка ги прави, и вие доколку сте во врска сигурно ги имате забележано. Мажите најчесто не можат да разберат зошто девојките се опседнуваат со овие неколку нешта, но принудени се да ги прифатат па дури и поддржат во одредени случаи. Сигурни сме дека ќе ја препознаете вашата девојка барем во половина од следниве 15 работи кои се нејзино секојдневие, а ваш кошмар…rnrn
rn
1. Храната служи за две работи: Преживување и Инстаграм
rnНемојте ни да помислите да го допрете клуб сендвичот додека не биде прво совршено наместен и овековечен на фотографија која треба да собира лајкови на Инстаграм.rn
2. Кога излегува новата сезона на „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black) знаете дека тоа ќе биде главната окупација цел викенд
rnПоентата е дека заедно сте посилни и без проблем ќе можете да ја совладате цела сезона за 1 ден.rn
3. Нејзината несовршена растурена пунџа целосно влегува во вашето лице додека се гушкате
rnДали знаете колку е тешко да се направи растурената пунџа да изгледа совршено растурена? Многу тешко. Толку тешко, што вие ќе мора да најдете начин да се гушкате со неа и да уживате во секој момент од тоа.rn
4. Вашата рака е нејзиниот човечки селфи стап
rnИ многу ќе биде забавно! Ќе направите толку многу селфиња, ќе ги откриете сите вистински агли и ќе научите колку нервира тоа што мобилниот телефон ја превртува фотографијата откако ќе се сликате.rn
5. Одите на љубовни состаноци коишто се посебно испланирани само затоа што местата се популарни на Инстаграм
rnНема врска тоа што ќе чекате два часа за да бидете послужени откако сте чекале два часа за да фатите маса. Тоа смуди е неверојатно и вреди за целата мака. Кога велиме вреди, мислиме вреди според најверодостојниот извор на светот – Инстаграм.rnrn
rn
6. Го имате научено секој стих од секоја нова песна на Тејлор Свифт и Џастин Бибер
rnНа почетокот пробавте да се спротивставите, но по некое време се фативте себеси како цело време си потпевнувате „Is it too late now to say sorry?“. И се чувствувате просто волшебно!rn
7. Мора да покажете почит кон совршената шминка и прамените кои ги извадила
rnЗнаете ли колку часови поминала гледајќи туторијали на Јутјуб за да научи како да го намачка лицето? Знаете ли колку часови поминала во фризерски салон за да ја добие токму оваа нијанса? Никој не кажал дека да се биде убав е лесно, но правило е дека сите мора да дадат комплимент за совршениот изглед.rn
8. Одбирањето филтри и хаштагови на Инстаграм е вашата регуларна активност секогаш кога сте заедно
rnВе молиме обрнете посебно внимание на игрите со зборови! Зарем вреди да се објави совршено добра фотографија со крофна, ако под неа нема интересен и досетлив опис?!rn
9. Таа не слави роденден, таа слави роденедела
rnПогрешно: Што ќе правиме за твојот роденден?rnrnПравилно: Што ќе правиме секоја вечер од твојата роденденска недела?rn
10. Ако ви каже дека е готова за 5 минути, подобро заземете удобна позиција затоа што ќе си почекате уште цел час
rnЗнаете како велат: Совршеното мачкино око не било создадено за 5 минути.rnrn
rn
11. Ако некогаш ја повредите, подгответе се да се соочите со нејзината екипа
rnНемојте да си играте играчки со нејзината женска екипа, бидејќи голема е веројатноста дека ќе го пронајдете вашето име со натпис за тоа колкав кретен сте биле во женскиот тоалет на секоја можна дискотека во градот.rn
12. Ако сакате одново да го преживеете вашиот љубовен состанок, проверете ја нејзината приказна на Снепчет
rnСè си стои таму: Од моментот кога влеговте во автомобилот и ја слушавте Бијонсе, до моментот кога седнавте на вечера и нарачавте вино.rn
13. Ви се чини дека е опседната со сè и сешто
rnИ тоа е навистина така! Таа се возбудува за секоја најмала ситница што се случува животот.rn
14. Подгответе се за бура на емотикони!
rnСигурни сме дека веќе течно научивте да го зборувате јазикот на емотиконите затоа што тоа е основниот јазик на кој секојдневно комуницирате.rnrn
rnrnПревод: „Дали сакаш пица?“rn
15. Целиот свет мора да знае дека вие сте најслаткиот пар што постои
rnСекоја можна фотографија од вас двајца на која изгледате неверојатно заљубени и слатки мора да биде објавена и тоа задолжително надополнета со хаштаг #RelationshipGoals. Како инаку би дознал светот за вашата љубов? И што вреди да се биде во врска ако секој ваш посебен момент не биде јавно објавен?rnrnКолку и да ви изгледаат овие работи смешни и луди, мора да признаете дека ви го прават животот поинтересен и поисполнет. Верувајте дека би ви било здодевно кога жените не би биле токму онакви какви што се: Посебни и единствени.