Кејси и Луис Бајром гордо тврдат дека не се нормален брачен пар, а тоа воопшто не е многу далеку од вистината. Двојката неодамна стапила во брак во Градската сала на Манчестер, а нивната тематска свадба инспирирана од приказната за Хари Потер ги оставила гостите счудоневидени!rnrnПриемот бил одржан во хотелот Мидленд во Манчестер и бил надополнет со сите можни детали: Од постери со затворениците од Азкабан, до чоколадни бомбици во стилот на златното топче „снич“.rnrn
rnrnЗа да биде доживувањето уште пореалистично, на нивната свадбена церемонија се читало дел од Редот на Фениксот.rnrnПогледнете ги сите детали од оваа неверојатна свадба во волшебниот дух на приказната за малиот магионичар, по што со сигурност ќе посакате да сте биле дел од овој неповторлив настан!rnrn
Уникатна венчавка инспирирана од Хари Потер која ќе ве остави без зборови!


















