Кафе-коктел со ѕвезден бисквит
Почестете се со единствениот вкус на овој коктел.За пијалакот, потребно е:
- 50 мл јако сварено кафе (филтер, еспресо, нес), оладено
- 1 лажица Калуа
- 2 лажици изматен шлаг
- какао за декорација
Потребни состојки за бисквитите:
- 200 г мек путер
- 140 г шеќер
- 1 жолчка
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 280 г брашно, плус уште малку за сукање
Подготовка на бисквитите:
1. Измешајте ги путерот, шеќерот, жолчката и ванилата со дрвена лажица. Додадете го брашното. Мешајте, по потреба и директно со рацете. Ставете ја смесата врз набрашнета површина и месете додека не добиете еднолично тесто.
2. Искукајте го тестото и од него со калап извадете неколку ѕвезди. Повторно засукајте ги остатоците сè додека не го искористите целото тесто. Наредете ги ѕвездичките во плитко тавче, претходно обложено со хартија за печење. Одозгора покријте ги со најлонска фолија и ставете ги во замрзнувач 30 минути.
3. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Отстранете ја фолијата и печете ги бисквитите 8-12 минути, додека не добијат златна боја. Оставете ги да се изладат и потоа испрепелкајте ги во шеќер во прав. Подготвените бисквити можете да ги чувате во фрижидер за длабоко замрзнување до 3 месеци.
Подготовка на кафето: Во сад измешајте ги калуата и кафето. Течноста ставете ја во чаша за мартини. Од горе, ставете го шлагот и декорирајте со какао во прав.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
so e toa Калуа
Калуа е ликер со арома на кафе.