Кога ќе се спомене грешка во секс, обично сите прво помислуваат на погрешни пози или лоша техника. Меѓутоа, една работа е поважна од сè тоа, бидејќи без неа тешко е да се постигне експлозивниот климакс. Што мислите, за што станува збор?rnrn
rnrnЗа добар секс најважна е добрата комуникација помеѓу партнерите. Недостатокот од комуникација за време на сексот е најголемиот проблем во креветот кој подеднакво ги мачи и мажите и жените. Експертите тврдат дека сите правиме една голема грешка: Премалку ги слушаме нашите партнери, односно не обрнуваме внимание на нивните желби и ги игнорираме нивните реакции.rnrnВо истражувањата спроведени на оваа тема многу жени се пожалиле дека мажите честопати премногу се потпираат на техниките научени од филмовите за возрасни кои се нереални или применуваат некои потези кои им се допаѓале на нивните поранешни партнерки. Не го земаат предвид фактот дека нивната сегашна партнерка веројатно има други преференции.rnrnОд друга страна, пак, на мажите најмногу им смета тоа што жените се често пасивни, не преземаат иницијатива и не поттикнуваат на акција онолку колку што тие би сакале.rnrnНајмалиот заеднички содржател на сите овие проблеми е недостатокот на комуникација за време на сексот. Иако сметате дека во интимните моменти нема простор за премногу говорење, сексуалните терапевти не се сложуваат со ова.rnrnТие се залагаат за јасното и гласно искажување на сексуалните желби и потреби, бидејќи само таквата отворена комуникација доведува до максимално задоволство од двете страни.rnrnЗатоа, заборавете на срамот и не кријте ги вашите желби ако сакате пред сè да си угодите самите себеси, но и да го усреќите вашиот партнер кој секако сака да биде главниот извор на вашето задоволство. На ваков начин поставете се и вие кон него и уживајте во здравиот сексуален живот кој и двајцата ќе ве направи поисполнети и ќе ја зацврсти вашата врска.
Најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите
