КАФЕ ПАУЗА

Кои се позитивните, а кои негативните особини на вашиот хороскопски знак?

Некој ќе каже дека секој човек е посебна индивидуа и дека се радува и лути на свој сопствен начин. Ќе се согласиме дека ова конотација е точна, но исто така, вистина е и тоа дека со нашиот живот, па и однесување и тоа како раководат ѕвездите, па со самото тоа за одредени особини знакот во кој сме родени умее да ги замеша своите прсти. Па така, Раковите се чувствителни и плачливи, но нервозни, додека пак Скорпиите се ладни, понекогаш пресметани, но и лојални пријатели. Време е да ви ги откриеме позитивните, но и негативните особини на вашиот хороскопски знак.rnrn1-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

Овен

rnПланетата која владее со Овните е Марс, па затоа, личностите кои се родени во овој знак се енергични, храбри и полни со енергија.rnrnПозитивните особини на овој знак се тоа што Овните никогаш не се откажуваат од својата цел, дури и кога останатите ги убедуваат дека тоа нешто е невозможно и тешко остварливо. Вие не се откажувате ниту кога ќе удрите со главата во ѕид. Нема предавање, само храбро чекорите понатаму не размислувајќи за последиците. Доста сте интелигентни, а вашиот мозок не се гаси ниту додека спиете.rnrnНегативните особини на овој знак се тоа што брзо пламнувате, склони сте кон конфликти и ги критикувате туѓите грешки, односно како што би кажале старите, барате „влакно во јајцето“. Исто така можете да бидете себични, особено кога станува збор за љубовта. Со желба секогаш да бидете први и најдобри, честопати ги повредувате чувствата на другите.rn

Бик

rnСо Биковите владее планетата Венера, па затоа тие се отсликуваат со упорност, објективност и рационалност.rnrnПозитивните особини кај Биковите се тоа што не брзате ниту со една одлука, а кај вас важи онаа позната поговорка: „Три пати мери, еднаш сечи.“ Задоволство е да се соработува со вас и да ве има во тимот, бидејќи сте ведри и колегијални, а најважно е тоа што сте спремни да се занемарите себеси за да им помогнете на другите.rnrnВашите негативни особини започнуваат со преголемата тврдоглавост. Немате многу маани, но воопшто не попуштате тогаш кога сметате дека сте во право, по цена сè да ви се врати по глава. Поради тоа можете да дојдете во ситуација во која луѓето ќе ве избегнуваат. Многу Бикови се и големи материјалисти.rn

Близнаци

rnСо Близнаците владее планетата Меркур, а вашите главни адути се високата интелигенција и љубопитноста.rnrnОд позитивните особини се издвојува фактот што вие воопшто не мирувате и константно го истражувате светот околу вас, а потоа детално ги анализирате заклучоците до кои сте дошле. Ве краси и таа особина да умеете без никакви проблеми да се спуштите на нечие ниво и да се прилагодите на секоја ситуација. Исто така, вие сте многу секси и шармантни.rnrnНегативните особини ви се тоа што понекогаш сте површни и жестоки.rnrn2-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

Рак

rnВашата владејачка планета е Месечината, а особините кои го красат овој знак се љубезноста и чувствителноста.rnrnВашите позитивните особини го вклучуваат тоа што сакате да им угодите на сите и вечито сте рамо за плачење. Вие генерално ги сакате луѓето и за вас најголема пофалба и успех е кога ќе ви кажат дека сте добар човек и верен пријател. По природа сте секако, многу дружељубиви, хумани и верни.rnrnНегативните особини вклучуваат склоност кон напади од нервоза и паника, а неретко живеете во облаците и избегнувате да ја прифатите реалноста и работите онака како што се. Раковите тешко наоѓаат решение за проблемите кои се создаделе. Најчесто само ќе тагуваат и паничат, наместо да седнат и да размислат за она што се случува.rn

Лав

rnСо личностите кои се Лав во хороскоп владее Сонцето, па затоа не е чудно што вашите карактеристики се лидерство и организираност.rnrnПозитивните особини ве водат кон состојба секого да го убедите во вашата замисла без многу труд. Самоуверени сте, директни и во поголемиот дел од случаите сте доста успешни во работата со која се занимавате.rnrnВашите негативни особини се огромната љубов кон себе. Вие сте број еден за себеси и секогаш сте си на прво место, а себичноста ја доживувате како позитивна особина, не како ароганција. Вие пронаоѓате задоволство во тоа да им наредувате на луѓето, па токму поради тоа, честопати не обрнувате внимание на нивните чувства.rn

Девица

rnСо Девиците владее планетата Меркур, па овој знак се одликува со организираност и големите амбиции.rnОд вашите позитивни особини, вие ја цените практичноста и одговорноста, а Девиците се познати и како перфекционисти и максимално внимателни личности.rnrnНегативните особини вклучуваат честопати претерување во критикувањето на другите луѓе и на она што тие го прават. Поради тоа другите луѓе ве доживуваат како нечувствителни и арогантни. Доста сте скржави со парите, што исто така, останатите ги нервира.rnrn3-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

Вага

rnСо вас владее планетата Венера, а карактеристиките кои ги красат Вагите се пристојноста, љубезноста рамномерноста.rnrnКога станува збор за позитивните особини, вие сте секогаш одмерени, смирени и кон сите крајно љубезни и коректни. Вие секогаш размислувате за тоа дали со вашите постапки ќе навредите или повредите некого и како околината ќе реагира на вашите потези и одлуки. Вие од сите останати знакови имате најмногу вкус и ја обожавате модата.rnrnВо вашите негативни особини може да се најде неодлучноста и за сите да бидат среќни и задоволни склони сте да се согласите, без да трепнете. Сметате дека лагите се оправдани доколку направат некого среќен.rn

Скорпија

rnСо вас владее најладната планета, Плутон и затоа се сметате за искрени, храбри и верни.rnrnКако позитивна особина, може да се издвои фактот што вие сте пријател каков што сите посакуваат. Другите ве гледаат како силна, бестрашна и мистична личност.rnrnНегативните особини вклучуваат сомневање во секого и дека во луѓето најпрво ги гледате негативните, а потоа позитивните особини. Умеете да бидете немилосрдни, одмаздољубиви и многу зли спрема личноста која ве повредила и која кон вашето мислење е неправедна.rn

Стрелец

rnВие сте огнен знак со кој владее планетата Јупитер, па затоа се одликувате со отвореноста и толерантноста.rnrnКако позитивни особини, вие во сè гледате забава, обожавате излегувања и дружење и секогаш сте опкружени со пријатели. Вие на секого му измамувате насмевка на лицето, многу сте духовити и занимливи. Исто така, уживате во тоа да ги разменувате вашите знаења и искуства со другите луѓе.rnrnНегативните особини ви се тоа што често го менувате своето расположение, често ги менувате вашите ставови и многу лошо се справувате со парите.rnrn4-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

Јарец

rnСо Јарците владее планетата Сатурн, па затоа вие сте стрпливи, рационални и доста стабилни личности.rnrnВашите позитивни особини вклучуваат систематично и објективно пристапување на секој проблем. Многу сте сериозни, без разлика за што се работи. Кога нешто ќе зацртате, не се откажувате додека не го направите тоа.rnrnОвој знак е познат по својот материјализам и скржавост, па тоа би се вклучило во неговите негативни особини. Исто така, можете да бидете претерано критични и умислени, што на луѓето никако не им се допаѓа.rn

Водолија

rnВашата владејачка планета е Уран, па затоа ве краси огромна толеранција.rnrnОд позитивните особини може да се издвои фактот дека секогаш сте во состојба да простите сè поради мирот и спокојот, многу сте пожртвувани и хумани. Никогаш нема да го прекршите даденото ветување.rnrnВашите негативни особини се тоа што не размислувате доста рационално, честопати сте меѓу облаците, па затоа луѓето ве гледаат како сонувачи или незнајковци.rn

Риби

rnВашата владејачка планета е Нептун и за вас се карактеристични дружељубивоста и искреноста.rnrnКако позитивни особини може да се издвои тоа што сте хумани, вечни оптимисти и доста срдечни. Сонувачи сте, односно секогаш размислувате за тоа како светот да стане подобро место.rnrnНегативните особини ви се тоа што сте склони често да го менувате вашето расположение. Склони сте кон фантазирање и мечтаење, па понекогаш го губите допирот со реалноста. Можете да бидете многу мрзливи и пасивни.rnrn5-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_