Без разлика дали вие сте разведени, или пак познавате барем една брачна двојка којашто се разделила, следниве совети можат многу да ви помогнат при справувањето со оваа ситуација. Ваквата ситуација е тешка и многу стресна, па затоа честопати повредените чувства може да доведат да се направат погрешни одлуки. Во продолжение погледнете некои од нив, како и начините на кои можете да ги спречите со цел да се заштитат најблиските.rn
rn1. Ги принудувате децата да застанат на нечија страна
rnПоследното нешто што би сакал да го направи еден родител за време на разводот, е да им предизвика болка на децата. Но, за жал, многу работи се случуваат несвесно. Секако, тоа е стресно време каде што сте лути, па честопати сакате да го казните својот партнер со користење на децата. Она што е важно е да не ги принудувате децата да заземат нечија страна. Без разлика колку е тешка ситуацијата, најважно е да ги потсетувате вашите најмали дека и двајцата родители се еднакво важни и дека и двајцата треба да се сакаат.rn
2. Го користите адвокатот за развод како терапевт
rnАдвокатот може да биде од голема помош кога станува збор за законот, но во никој случај тој не е професионалец за ментално здравје. Не жалете му се нему! Тој не е соодветно трениран за да ви помогне, ниту па тоа е неговата работа. Ако барате совети од него или неа, големи се шансите дека ќе се насочите во погрешна насока без да знаете како сте успеале да стигнете до таму.rn
3. Се борите при поделбата на предметите
rnКај повеќето партнери коишто се разведуваат постои борба за тоа кој ќе го добие телевизорот, новиот лаптоп и слично. Не борете се за материјалните нешта само за да се чувствувате како победник, бидејќи тие воопшто не се важни во оваа ситуација. Вие секако ќе потрошите повеќе пари за адвокатите и во никој случај нема да ви го олеснат префрлувањето во новиот сингл живот, колку и да го посакувате тоа.rn
4. Ги оставате работите онака како што се
rnМногумина не би сакале во процесот на разведување да им бидат досадни на своите адвокати, па затоа ги оставаат работите онака како што се. Иако судските процеси се одвиваат бавно, сепак потребно е континуирано да го следите процесот и да бидете времено известени за сите промени. Не би сакале одеднаш да се изненадите од некој настан што се одлучил одамна, и кој би можел да ви донесе поголема штета отколку доколку сте се справиле со него во истиот момент кога излегол.rnrnrn
5. Одбивате да соработувате
rnСигурно не сте во можност да ги решавате сите прашања, затоа, соработувајте и полесно ќе преминете низ цела ситуација!rn
6. Го навредувате бившиот партнер
rnОсобено штетно за децата е споделувањето неубави детали од вашиот брачен живот. За нив се важни и двајцата родители, подеднакво. Ако вашиот поранешен партнер е лоша личност, оставете децата сами да го откријат тоа. Нивните односи се сосема поинакви.rn
7. Лесно се впуштате во нова врска
rnРазводот е едно од најстресните искуства со кои би можеле да се соочите. После тоа, логично е да сакате удобност, емотивна врска и забава. Но, воздржете се, затоа што сигурно не сте подготвени да му го дадете на новиот партнер она што го заслужува во врската. Освен тоа, вашите деца со ова ќе бидат дополнително изложени на траума. Оставете си простор каде што ќе сфатите што навистина сакате.