Најчесто нашата коса изгледа убаво само денот кога сме ја фенирале, а веднаш потоа бараме ластиче, бидејќи таа не е веќе тоа што била. Токму затоа решивме да споделиме со вас 3 производи со чија помош можете да ја направите вашата коса поубава и да го одложите нејзиното врзување, како и миењето на неколку дена.rn
1. Шампон за суво миење на косата
rn
rnrnКај шампонот за суво миење на косата е многу важно како го нанесувате. Значи, тој не се прска туку така околу главата, туку се нанесува на косата директно. Најдобро е да ја поделите на делови, па потоа секој дел поединечно да го напрскате.rnrn
rnrnСледниот чекор е масажа на темето со помош на рацете, што ќе ѝ даде волумен на косата, но и ќе му овозможи на производот да делува.rnrn
rn
2. Спреј за текстура на косата
rn
rnrnСпрејот за постигнување подобра текстура на косата нанесете го на средишниот дел, за производот сам да се спушти до краевите.rnrn
rnrnНикако немојте премногу да го приближувате спрејот, бидејќи вашата коса ќе биде слепена.rnrn
rnrnОткако ќе го нанесете спрејот, со рацете протресете ја косата за да добие на живост и волумен.rnrn
rn
3. Масло за нега на краевите на косата
rn
rnrnСигурно ќе се сложите дека маслото за нега на косата е многу важен детаљ во вашата бања. Косата без него, едноставно не изгледа најдобро. Пред да го нанесете, потребно е да ставите неколку капки масло на дланката и да го загреете така што ќе ги протриете дланките. На овој начин маслото ќе биде повеќе делотворно.rnrn
rnrnСледен чекор е да го нанесете маслото на косата, а тоа ќе го направите така што од средина на косата ќе ги провлечете рацете низ неа со двете дланки, сè до краевите. Доколку го нанесете маслото на коренот, веќе утредента повторно ќе морате да ја измиете косата. Исто така, водете сметка дека навистина сте нанеле неколку капки, бидејќи во спротивност вашата коса ќе изгледа замрсено.rnrn
rnrnСледен пат кога ќе бидете на половина помеѓу две миења на косата, испробајте ги овие совети, а ние веруваме дека ќе бидете премногу задоволни од вашата фризура.
