Тајната на добриот стил: Модни совети од смелите Њујорчанки

Тајната на добриот стил: Модни совети од смелите Њујорчанки

Врската помеѓу Њујорк и модата е толку многу природна и логична. Дури и од многуте филмови и серии кои сме ги гледале, сме имале прилика да се увериме дека на улиците на оваа светска метропола можеме да видиме буквално сешто, а под тоа „сешто“ воопшто не мислиме на нешто лошо. Едноставно, улиците во Њујорк се оригинални, креативни и колоритни, што ни се чини дека во секој момент сме на некоја модна ревија. За љубителите на модата, Њујорк е буквално рај на земјата.

Тајната на добриот стил: Модни совети од смелите Њујорчанки

Њујорчанките се секако девојки кои ги знаат тајните на добриот стил, а вистинско време е да ги научите и вие.

Најнапред, на девојките од Њујорк им е важно да бидат облечени со вкус. Тие никогаш не претеруваат и водат сметка што со што се комбинира. Дури и кога ќе видите некоја сосема „откачена“ комбинација, верувајте дека таа е внимателно испланирана да дава таков впечаток каков што и сами сте го стекнале. Исто така, вистинските Њујорчанки се водат со паролата „малку е повеќе“, па затоа и вие самите имајте го на ум ова модно правило додека ги осмислувате своите комбинации.

2-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Со оглед на тоа дека Њујорк е град кој никогаш не спие и во кој сите постојано се движат и некаде брзаат, модниот императив е да имаат макар еден пар удобни обувки. Секако дека Њујорчанките сакаат високи потпетици и елегантни изданија, но исто така им е важна удобноста и практичноста. Нека и вас ве води ова правило и задолжително набаете пар удобни патики кои ќе можете да ги носите почесто.

3-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Деталите го создаваат стилот, па затоа секогаш трудете се да ги збогатите вашите комбинации, на пример, со некоја интересна чанта. Водете сметка за тоа комбинациите да бидат добро смислени, а стиловите меѓусебно одлично да се вклопуваат, за вашиот целокупниот изглед да биде на „вистинското место“.

4-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Кога сме веќе кај деталите, никао немојте да го заборавите вашиот маникир. Најдобар избор е еднобојниот маникир и тоа во некои тренди нијанси. Не плашете се да изберете црн лак, но доколку тој ви е „премногу“, можете да испробате некои потемни нијанси на бордо, тегет или кафеав лак за нокти.

5-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Понатаму, накитот. Њујорчанките сакаат да понесат некое добро парче накит, односно никако не заборавајте да ги освежите вашите комбинации со еден ваков детаљ доколку сакате да бидете како нив. Со секој интересен избор на накит, вашата комбинација ќе изгледа сосема поразлично и ќе биде поефективна.

6-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Вистинските Њујорчанки знаат дека со комбинациите во црно никогаш нема да погрешат. Дури иако сте во црно од глава до пети тоа е сосема во ред, бидејќи давате впечаток на дама со стил која се облекува со вкус. Затоа, кога не знаете што да облечете за некоја прилика, слободно изберете црно!

7-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_

Њујорчанките секогаш ќе ве посоветуваат дека треба да бидете свои. Носете го она што вам ви се допаѓа и во она што се чувствувате пријатно. Модните трендови треба да ги следите, но исто така треба да ги прилагодувате на сопствениот стил и вкус. Затоа, не грижете се за тоа кој што ќе каже, следете го своето чувство за мода и секогаш ќе бидете во право!

8-tajnata-na-dobriot-stil-bidete-stilizirani-kako-vistinski-njujorchanki-www.kafepauza.mk_ - Copy


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар