Како да ги комбинирате пантолоните со широки ногавици оваа пролет?
Пролетта е вистинско време за лесни, разлетани парчиња облека, бидејќи надвор е доволно топло за конечно да се ослободиме од дебелата, зимска гардероба. А доколку се прашувате со што да го освежите вашиот гардеробер оваа сезона, ние ви предложуваме ефективни пантолони со широки ногавици и висок струк кои ќе бидат апсолутен тренд во наредните месеци.
Ова парче облека е достапно во различни модели, бои и материјали, а ќе одговара за сите ваши потреби, без разлика дали станува збор за дневни, лежерни или вечерни, елегантни прилики. Лесни се и практични, па во нив со сигурност ќе се чувствувате удобно, а освен тоа ќе изгледате многу убаво и стилизирано. Овие пантолони ќе го направат вашиот изглед интересен и поразличен, а дефинитивно ќе се издвојувате од толпата девојки кои и понатаму лудуваат за тесните фармерки.
Доколку ви се чини дека овој модел на пантолони е тежок за комбинирање, се лажете. Всушност, едноставно е, само потребно е да имате неколку клучни парчиња облека и да се забавувате!
1. Краток топ
Веќе знаеме дека комбинацијата на контрастни парчиња облека е добитна и со задоволство спојуваме долго и кратко, тесно и широко и останати слични парови. Исто така, со вашите лесни, широки панталони со висок струк одлично ќе се вклопува краток, залепен топ кој малку ќе го открие вашиот стомак. Ваквата комбинација е многу впечатлива и модерна и како таква е одлична за вечерни излегувања или слични малку лежерни варијанти. Задолжително додадете и интересно парче накит или модел на чанта и надополнете го вашиот изглед.
2. Елегантна блуза
За формални прилики, заедно со своите омилени пантолони со висок струк и широки ногавици, можете да вклопите елегантна блуза или блејзер кој на вашиот изглед ќе му ја даде потребната доза на работен изглед. Доколку вашиот избор е токму ваква или слична блуза, задолжително вовлечете ја во пантолоните, за да ги истакнете, а освен тоа, и вашата фигура на тој начин ќе изгледа совршено. Во зависност од приликата, изберете соодветен модел чанта и обувки, а ќе изгледате шик доколку на целата комбинација додадете и шешир.
3. Кошула
Кој вели дека работните комбинации мора да бидат досадни и монотони? Одберете го својот омилен модел пантолони и комбинирајте ги со кошула и обезбедете си себеси професионален, но и тренди изглед. Со соодветниот аксесоар, ќе можете да изгледате модерно и ефективно дури и во канцеларијата која е сосема неинспиративна. Секако, комбинацијата на кошула и ваков модел пантолони може да се носи и во неформални прилики, особено ако изберете тексас или макси кошула која намерно ќе ја заврзете околу струкот.
4. Обувки со висока потпетица
Задолжителен додаток на вашиот омилен модел пантолони се дефинитивно чевлите со висока потпетица. Најнапред, тие ќе направат да изгледате повитки и поубави, а освен тоа ќе ги истакнат пантолоните кои многу поубаво ќе „паѓаат“, а со самото тоа и подобро ќе изгледаат. Без разлика дали вашиот избор ќе биде подолг или пократок модел пантолони, пронајдете ги соодветните чевли на висока потпетица и заблескајте со нив!