Многумина веруваат дека интровертите се срамежливи и повлечени во својот внатрешен свет. Но, тоа не е сосема точно. Интровертните личности само црпат енергија од поминатото време со самите себеси или од нивното друштво кое се состои од тесен круг пријатели. Можеби не се сметате за интроверт затоа што не сте претерано срамежливи, но сепак може да имате некои карактеристики кои го одликуваат токму таквиот тип луѓе.rnrn
rn
1. Не сакате гужви
rnКонцерти, конференции, спортски арени и слично, дефинитивно не се вашиот прв избор за забава. Одбегнувате да поминувате премногу време на вакви места.rn
2. Не сакате да запознавате нови луѓе
rnОва не значи дека имате проблем да стекнете пријатели. Но, секое запознавање на нов човек ви одзема премногу енергија и физички ве исцрпува.rn
3. Одлични сте на јавни настапи, но не и по нив
rnВие знаете како да одржите влијателен говор и притоа да изгледате самоуверено. Но, не сте од оние кои активно учествуваат во сите игри и церемонии што следуваат потоа.rn
4. Вашите пријатели се екстроверти
rnИнтровертите и екстровертите уживаат да поминуваат време заедно бидејќи постои рамнотежа помеѓу нивните карактери. Понекогаш на интровертите им е потребен некој да ги извлече од нивната удобна зона, додека, пак, на екстровертите одвреме-навреме потребно им е да поминат мирна вечер во домашна атмосфера.rn
5. Не сакате интервјуа
rnСамата помисла на тоа да бидете испрашувани за вашите цели, способности и амбиции ве прави нервозни. Но, откако интервјуто ќе започне, вие се опуштате и секогаш оставате одличен впечаток.rn
6. Вие сте верен пријател
rnИнтровертите се многу лојални и искрени луѓе. Нивната енергија доаѓа од внатре, а не од другите луѓе и затоа им е полесно да бидат отворени со своите пријатели.rn
7. Понекогаш не ви се прави ништо
rnНа интровертите им е многу важно да поминат време сами со своите мисли. Ако „правењето ништо“ ви помага да се релаксирате и да ги наполните батериите, големи се шансите дека сте интровертна личност.rn
8. Чекате пред да вратите на пораките
rnНе сте залепени за телефонот цело време и одговарате на пропуштени повици, пораки и имејлови кога ќе бидете подготвени.rn
9. Не им верувате лесно на луѓето
rnНа интровертите им е многу тешко да најдат некој кој ќе ја почитува нивната природа и затоа им треба време да се отворат. Од друга страна, пак, тоа значи дека вашите пријатели се луѓе на кои навистина можете да се потпрете.rn
10. Пишувате
rnВашата кариера е некако поврзана со пишување или пишувате за забава во вашето слободно време. На тој начин вие се поврзувате со вашиот внатрешен дух и се полните со енергија.rnrn
rn
11. Учтиви сте
rnИнтровертите често обрнуваат внимание на деталите во нивното опкружување. Тоа ве прави учтив гостин и домаќин кого луѓето обожуваат да го имаат во свое друштво.rn
12. Планирате однапред
rnГолема е веројатноста дека не се препуштате на спонтаноста, туку ги планирате нештата за сè да оди како што треба. Без разлика дали станува збор за некоја работна задача или ден поминат со вашите пријатели, добриот план е задолжителен.rn
13. Имате стара душа
rnМладите интроверти честопати се сметаат за личности кои се многу мудри за свои години. Тоа може да се смета како знак за зрелост и интелигенција, а кој од нас не би сакал да делува паметно?rn
14. Знаете што сакате
rnТокму поради тоа што знаете што сакате, вие имате многу предности: Не се плашите да пробате нови работи и секогаш сте решителни.rn
15. Урамнотежени сте
rnВие одржувате совршен баланс помеѓу времето поминато сами и времето поминато со вашите пријатели. На тој начин вие ја одржувате својата енергија без да го жртвувате вашиот социјален живот.